Како да направите масло од ѓумбир и зошто ви е потребно?

Состојка за масажа која помага при ублажување на специфични болки, замор и иритација и зголемување на либидото.

0
176

Се случува после долг и навидум здрав сон, да се разбудите наутро потполно скршени и исцрпени. Или по утринското трчање, коленото ве боли неподносливо, или пак по еден час прошетка низ градот, не го чувствувате долниот дел на грбот. И, конечно, расположението ви е на нула. Решение?! Древна азиска состојка каква што е маслото од ѓумбир.

Како да направите масло од ѓумбир?

Сè што ви треба е една шолја свеж корен од ѓумбир и шолја ипол маслиново масло. Исплакнете го коренот со ладна вода и оставете го да се суши еден час. Земете ренде и изрендајте го ѓумбирот. Префрлете го во огноотпорен сад или мал сад за печење, додадете го маслиновото масло и ставете го во рерна загреана на 70 степени на два часа. Потоа исцедете го маслото преку газа во чисто шише. Ќе остане свежо до шест месеци, под услов да го чувате на ладно.

Сега, кога имате домашно масло од ѓумбир, како да го користите?

За болка во зглобовите, втријте го маслото со нежни движења во оние места кадешто чувствувате непријатност. Така влегува во крвотокот. Олеснувањето треба да дојде во рок од 30 минути, а неговиот ефект ќе трае до пет часа.

Доколку сакате да го користите за смирување, доволно е да го вдишите во моменти на лутина, замор или нервоза или да го нанесете на зглобовите. Запомнете дека ѓумбирот сам по себе е најдобриот афродизијак, што го зголемува либидото во ароматерапијата. Покрај тоа, ова масло може да се додаде во храната за време на подготовката, што ќе го направи многу повкусно.

Фото: Pexels