Како да направите млеко од лешници?

Еве како да подготвите млеко од лешник што ќе ви даде дополнителна енергија. Витамините А и Е, како и минералите калиум и калциум што се наоѓаат во лешниците, исто така, влијаат и врз намалувањето на холестеролот.

0
283

Растителните млека се прават лесно и брзо, само ако ги правите од бадеми или лешници, треба да се сетите да ги потопите во вода од вечер.

Изутрина ќе ги излупите, ќе ги ставите во блендер, ќе додадете вода и додавајте што сакате. Ние додадовме само 1 лажица мед, а вие, ако сакате некој поинаков вкус и поблага варијанта, ставете неколку исечкани урми, малку ванила или кардамон.

 
Состојки:

1 чаша лешници (ние направивме поголема количина, ама се зависи од бројот на членови во семејството. Вака приготвеното млеко од лешник може да стои во фрижидер 3-4 дена)
3-4 чаши вода
1 лажица мед (или 4-5 сечкани урми)

Приготвување:

Ставете ги излупените лешници кои претходно стоеле во вода, во блендерот. Додадете мед (или урми) и прелијте ги со топла вода.

Изблендирајте, а потоа процедете. Обично се препорачува да се цеди низ газа, ама ние го процедивме низ обична цедалка.

Млекото од лешник е готово, а пастата од лешниците што ќе ви остане по цедењето префрелете ја во чиста тегла и искористете ја за подготовка на некој десерт или како намаз.