Како да направите освежителен пијалак од свежи билки за целиот ден

Ако навистина сакате да се освежите, наместо газирани пијалаци, после кои сте веројатно уште пожедни, направете си една голема доза чај од босилек, мента, или што веќе ви се наоѓа при рака

0
301

Наутро, веднаш кога ќе станете направете си чај, оладете го со коцки мраз, а потоа додадете и коцки од лимон, ако не послушавте и си ги направивте, ако не, тогаш исцедете си лимон и додадете го во чајот.

Ние направивме чај од босилек со вкус на лимон… да, да, има и таков. Првпат годинава го засадивме во саксија и еве веќе го сефтосавме за чај.

Следниот ден можете да направите чај со свежо нане и исто, додадете сок од лимон и, евентуално, малку свеж ѓумбир.

Верувајте, чајот ќе ве освежи многу повеќе отколку да се освежувате со ладни газирани и негазирани индустриски сокови.

Освен тоа, нането има значителна количина од витаминот А (маснораствролив витамин кој е клучен за здравјето на очите), потоа железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор, калиум и витамин Ц.

Покрај ова, нането преставува и солиден антиоксидативен извор, особено ако се спореди со другите слични билки. Покрај големата количина на антиоксидативниот витамин А, нането содржи и повеќе полифенолни антиоксидатни (розмарична, кафеинска и ферулична киселина, како и еугенол).

Познато е дека кога имате cтoмaчни пpoблeми, како што се диjaрea, пoдyeноcт или нacтинкa со бoлки во cтoмaкoт, помага чајот од нане. Но постојат докази дека инхалирањето со нане, односно вдишувањето на аромата од есенцијално масло од нане, ја подобрува и мoзoчнaтa функција.

Босилекот пак, има голем број полифенолни флавоноиди, како и голем број есенцијални масла кои се корисни за здравјето и имаат потврдени антивоспалителни и антибактериски својства. Листовите од босилек се одличен извор на железо, содржат 3,17 милиграми на 100 грама свежи листови (околу 26 проценти од препорачаната дневна доза). Босилекот придонесува за здравјето на срцето, бубрезите, очите и забите и помага при лекување на различни видови на рак, ги ублажува симптомите на настинка и има силни антибактериски својства, а чајот од босилек помага за ублажување на болки во грлото и ја намалува кашлицата. Тој има директно влијание и врз стресот, заради големото количество витамини и антиоксиданти кои делуваат позитивно врз намалување на оваа состојба.