Како да направите природен заблажувач?

Станува збор за сладок сируп направен од лековити растенија. Овој заблажувач не содржи масти и има околу 12 калории во 1 лажичка (5 мл). Шеќерот има малку повеќе од нив и сигурно не е поздрава опција од медот.

0
87

Многу се зборува за тоа дека треба да се избегнуваат вештачки засладувачи. Бидејќи на нашиот пазар нема многу избор на добри природни замени, ние ќе ви покажеме како да направите свој природен течен заблажувач.

Станува збор за сладок сируп направен од лековити растенија. Овој заблажувач не содржи масти и има околу 12 калории во 1 лажичка (5 мл). Шеќерот има малку повеќе од нив и сигурно не е поздрава опција од медот.

Се прави од мед, вода и вашите омилени лековити билки или овошје. Тоа може да биде калинка, ѓумбир, портокал, кора од лимон, итн.

Можете да го користите на многу начини. Носете го со вас во торбата и користете го наместо вештачките засладувачи и шеќери што ви ги нудат во кафулињата и рестораните. Одличен е и како додаток за палачинки, за подобрување на вкусот на водата (газирана или обична), додајте го во јогурт, користете го како замена за обичен мед, во овесна каша, во млеко. Вашата мерка нека биде 1 лажичка на 1 чаша течност (вода, ладен чај, млеко, итн.).

Од билки и овошје можете да користите: ѓумбир (одличен е за варењето, имунитетот и против инфекции), калинка (дополнителен извор на витамин Ц), гоџи бобинки (дејствува како антиоксиданс, содржи железо и важни хранливи материи), кокосово брашно, кора од портокал и лимон. Можете исто така и да комбинирате неколку билки или билка и овошје.

Еве што ви треба за да го направите:

1/2 шолја сушени билки или овошје по ваш избор (или 1 шолја свежи билки или овошје), 3 шолји вода (со некои билки ќе ви треба само 1 шолја), 1 шолја мед.

Ставете ги овошјето или билките во тенџере (исечкајте ги), истурете 3 шолји врела вода и оставете ги покриени 4 до 12 часа (помалку доколку станува збор за свежо овошје и повеќе ако станува збор за корени) во зависност од јачината на сирупот што ја сакате.

Потоа сварете ги на пониска температура, непокриени околу 20 до 45 минути, додека течноста не се намали за половина. Проверувајте да не испари водата целосно. Имајте на ум дека на крајот мора да имате 1 шолја течност во однос на 1 шолја мед.

Кога ќе ја добиете потребната количина на течност, оставете ја да се олади малку – околу 30 минути. Температурата на течноста треба да биде доволно топла за да се стопи медот, но не премногу жешка.

Исцедете ја добиената течност во тегла или шише и додадете го медот. Измешајте сè добро. Може да трае до 30 дена.

За овој сируп најдобро е да користите билки и овошје кои се природни, најдобро органски, но и медот да биде со највисок квалитет.

Фото: Pexels