Како да направите пченични никулци?

Из’ртено пченично зрно содржи 700 пати повеќе магнезиум, 5 пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Никулците содржат и витамин Б1, кој помага во обновување на нервниот систем, но и витамин Е, железо, селен и цинк.

0
230

Пченичните никулци се исклучително здрави поради богатството хранливи состојки. Тие се добар извор на витамините А, Е, Ц и Б групата, но количината на витамини во некои семиња може да се зголеми и до 20 пати во текот на ‘ртењето. Нивната консумација е од исклучителна важност за подобрување на имунолошкиот систем на организмот, на метаболизмот, на крвта, варењето на храната…

Одгледувањето на никулци во тегла, во домашни услови е најлесен начин да из’ртите семе. На истиот начин како што можете да из’ртите пченични никулци, можете да го направите истото и со друга житарица, но и со леќа.

За првпат можете да пробате со мала количина. Земете околу 100 грама пченица, но внимавајте сите зрна да бидат цели и здрави. Убаво измијте ги зрната, со повеќе млазеви вода. Потоа ставете ги во тегла во која ќе ги р’тите и наполнете ја со вода. Затворете ја теглата и оставете ја така преку ноќ, односно барем 8 часа.

По осум часа, истурете ја водата од теглата. Измијте ја пченицата и добро исцедете ја водата, за да не дојде до мувлосување на зрната. Покријте ја теглата со чиста газа и во текот на деновите на р’тење повторувајте ја постапката неколкупати дневно. Односно, процедете ја водата, плакнете ја пченицата (плакнењето е задолжително), добро исцедете ја и вратете ја во теглата.

За околу три дена ќе добиете из’ртено семе, кое можете да го конзумирате со јогурт, кисело млеко, но и во салати. Откако добро ќе изрти, никулците чувајте ги во фрижидер, но само неколку дена.

Пченичните никулци, како и целото зрно, се исклучително богати со хранливи состојки. Изртено пченично зрно содржи 700 пати повеќе магнезиум, 5 пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Никулците содржат и витамин Б1, кој помага во обновување на нервниот систем, но и витамин Е, железо, селен и цинк. При ’ртење, сите материи од семето се активираат и преминуваат од комплексен во едноставен облик, што значи дека скробот преминува во прости шеќери, протеините во аминокиселини и во пептони, додека мастите се разложуваат на слободни масни киселини. Така, со внесување на пченичните никулци на организмот му обезбедуваме клучни состојки, не предизвикувајќи алергиски ниту други несакани реакции.

Нутриционистите информираат дека пченичните никулци се чудотворни и дека се најдобро средство за зајакнување на организмот. Им се препорачуваат на деца, бремени жени, спортисти и на сите кои имаат тешкотии поради загуба на калциум и, воопшто, деминерализација. Се препорачува консумирање пченични никулци во времетраење од најмалку три недели.