Како да направите сами бадемово млеко?

Последните години бадемовото млеко стана едно од најпопуларните растителни млека, но треба да знаете дека готовото бадемово млеко што го има во маркетите содржи конзерванси, дополнителни ароми и шеќер, па најпаметно е да си го направите сами

0
130

За да подготвите бадемово млеко ви требаат сирови бадеми кои се киснат во вода, потоа се блендираат и на крај течноста се процедува.

Секако, можете да го најдете и во маркетите, но тоа содржи дополнителни ароми, шеќер и конзерванси, па најдобро е да го направите самите дома.

Бадемовото млеко има многу слична конзистенција како и кравјото млеко и токму поради тоа е многу популарно кај веганите и кај оние кои се алергични или интолерантни на лактоза.

Концентрацијата на хранливите нутритиенти во бадемовото млеко зависи од тоа колку бадеми и колку вода сте употребиле.

За нашиот рецепт употребивме:

2 шолји бадеми

8 шолји вода

4-5 урми

Ако сакате да добие поубав вкус, во бадемовото млеко додадете и неколку урми, односно изблендирајте ги заедно со бадемите.

Се разбира, смесата што ќе остане откако ќе го процедите млекото можете да ја искористите за подготовка на смуди, овесна каша или за колачи и торти.

Бадемовото млеко е одличен извор на витамин Б1, витамин Б2, витамин Е и магнезиум. Што се однесува до калориите, како што квалитетот на бадемовото млеко зависи од тоа колку бадеми се употребени за да се добие една чаша бадемово млеко, така и бројот на калории ќе зависи од истото.

Многу студии потврдуваат дека редовното консумирање на јаткасти плодови е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни болести. Тоа е така поради фактот што јаткастите плодови содржат витамин Е и здрави масти.

Со само една чаша дневно задоволувате половина од дневните препорачани дози витамин Е. Овој витамин е значаен затоа што ја спечува оксидацијата на липидите, а со тоа се спречува таложење на мастите на ѕидовите на крвните садови и се намалува ризикот од појава на артериосклероза.