Како да направите сок од аронија?

Како исклучителен антиоксидант, аронијата спречува формирање на слободни радикали и нивен „напад“ врз здравите клетки во организмот и крвната плазма, со што се забавува процесот на стареење на организмот и се спречува развој на хронични заболувања.

0
237

Многу студии покажале дека аронијата има антиканцерогени ефекти, затоа што „убива“ голем процент на малигни клетки на тумори на мозокот, белите дробови, градите, дебелото црево и црниот дроб.

Можете да ја јадете свежа, а можете да направите и лековит сок од аронија.

Состојки:

1 литар топла вода

3 лажици аронија

2-3 помали коренчиња од ѓумбир

половина портокал

1 лажица мед

1 лажица куркума

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во голем стаклен бокал и прелијте ги со зовриена вода. После 5 минути можете да го консумирате овој напиток кој има превентивно и лековито дејство.

Фото: Pixabay