Како да направите сурутка?

Бројните студии за белковините од сурутката го потврдуваат нивниот потенцијал во зајакнување на имунитетот, спречување на карцином, како и сериозни имунолошки нарушувања предизвикани од ХИВ. Сурутката го чисти црниот дроб, помага при киселини, се користи како средство за поттикнување на апетитот и подобрување на варењето, а современата наука докажа дека спречува и појава на хипертензија, мозочен и срцев удар, го регулира холестеролот, ја зголемува мускулната маса, ја спречува остеопорозата, ...

0
741

Сурутката го чисти црниот дроб, го зајакнува имунитетот, помага при киселини, се користи како средство за поттикнување на апетитот и подобрување на варењето, а современата наука докажа дека спречува и појава на хипертензија, мозочен и срцев удар, го регулира холестеролот, ја зголемува мускулната маса, ја спречува остеопорозата, го зајакнува имунитетот, го елиминира стресот, му обезбедува на организмот високо ниво на енергија.

Сурутка во прав се добива со индустриска преработка на млеко и не може да ѝ конкурира на домашната сурутка.

Затоа, најдобро е да си направите сами.

Сварете 1 литар млеко и додека е уште врело, додадете сок од 1 лимон. Оставете го да отстои некое време, додека не се одвои проѕирна зеленкаста течност (сурутка) која треба да се префрли во шише и да се чува во фрижидер. Она што ќе преостане е вкусно, домашно младо ‘рикота’ сирење.

Против киселини

Се зема една лажица сурутка и се става во 2 дл вода (една чаша) и се пие со секој оброк. Ова особено ќе им помогне на луѓето кои се склони кон киселини.

За детокс

Црниот дроб е единствениот орган во човечкото тело кој има моќ да се регенерира, и тој игра клучна улога во преработката на храна и детоксикацијата на организмот.

За да може сурутката да помогне во санирање на оштетениот црн дроб, потребно е да се пие половина литар до еден литар од оваа течност дневно подолг период. Препорачливо е да се избегнуваат масна храна, алкохолни пијалоци, цигари и други материи кои го оштетуваат црниот дроб.

Сурутката им се препорачува и на луѓе кои сакаат да изгубат тежина, затоа што овозможува чувство на ситост поттикнувајќи го лачењето на хормони кои влијаат на намалување на апетитот.

Историјат

На почетокот на минатиот век, европската елита одела во швајцарски бањи, каде покрај термалните води, здравствените проблеми се лекувале и со сурутка – проблеми од опстипација (запек) и дебелина, преку хормонални нарушувања и атеросклероза, до заболувања на црниот дроб и панкреасот. Оваа терапија потоа паднала во заборав, за пред десетина години повторно да ја вратат на ‘сцена’ научните истражувања.

Истражувања

Бројните студии за белковините од сурутката го потврдуваат нивниот потенцијал во зајакнување на имунитетот, спречување на карцином, како и сериозни имунолошки нарушувања предизвикани од ХИВ. Истражувањата на Бостонскиот универзитет покажале дека сурутката како лек може да ја спречи остеопорозата затоа што таа ги надокнадува белковините чиј недостаток доведува до порозност на коските.