Како да направите ултра вкусна киноа?

Бидејќи семињата киноа се мали, може да изгледа дека една чаша е премалку, но за време на готвењето количината тројно се зголемува.

0
962

Последниве години киноата стана неизбежна намирница во многу кујни. Оваа намирница која не содржи глутен, а полна е со протеини и растителни влакна и може да се најде во повеќето супермаркети и продавници за здрава храна. Постојат неколку видови на киноа – бела, црвена, црна или мешавина од сите три. Без разлика која ви е омилена, начинот на подготвување и вкусот се исти.

Со својот слаткаст – јаткаст вкус и текстура, киноата е одлична основа за сите видови јадења, од брзи ручеци до едноставни прилози.

Еве неколку идеи, како да ја подготвите за да го добиете најдоброто од киноата и да го избегнете најлошото – кашеста текстура и горчлив вкус.

Исплакнете ја

Ако се прашувате која е целта на плакнењето на киноата, тоа е за да се избегне горчливиот вкус. Горчливиот вкус на зготвената, неизмиена киноа се должи на „сапонинот“ што се наоѓа во лушпата од семето. И иако лушпата обично се отстранува од која било киноа што ја наоѓаме во супермаркетите, остатоците од оваа компонента сè уште се наоѓаат во семето. За да го избегнете непријатниот горчлив вкус, едноставно исплакнете ја киноата со ладна вода. Ова не трае повеќе од една минута, но навистина е важно ако сакате вашата киноа да има совршен вкус.

Колкава количина за колку луѓе?

Бидејќи семињата киноа се мали, може да изгледа дека една чаша е премалку, но за време на готвењето количината тројно се зголемува. Еве едно едноставно правило за варена и сирова киноа.

1/2 чаша сирова киноa = 1 1/2 чаша варена киноа (за три лица)

1 чаша сирова киноа = 3 чаши зготвена киноа (за 6 лица)

Како да направите совршена киноа?

1 чаша киноа

1 3/4 чаша вода

сол по желба

Додадете по избор ароматични билки (рузмарин, па дури и чешниња лук)

Ставете ги киноата и водата во мала чинија со капак.

Гответе без капак додека водата не зоврие. Кога водата ќе зоврие, ставете го капакот, намалете ја температурата и варете ја околу 15 минути, или додека киноата не ја апсорбира целата вода. Тргнете го тенџерето од ринглата и оставете ја покриена уште 5 минути.

Промешајте со вилушка за да ги одвоите семките пред да го додадете сосот, а може да се јаде и без додатоци.

3 лесни начини да ја зачините киноата

Благодарение на слаткастиот вкус на сварената киноа, може да ја комбинирате со кој било прелив за салата. Не можете да погрешите ако ја комбинирате со зеленчук на скара, месо на скара или со салата.

Винагрета со лук и лимон: Во сад додадете две лажици сок од лимон и 1 чешне лук (излупен и ситно сечкан – или рендан). Промешајте сè заедно и додадете сол и црн пипер. Мешајте додека да се соедини, додадете 2 лажици маслиново масло и зготвената квиноа и промешајте.

Прелив со ким и лимета: Додадете две лажици сок од лимета, половина лажица мелен ким и две лажици маслиново масло. Промешајте да се соединат и додадете ја киноата.

Прелив со ѓумбир и сос од соја: Додадете две лажици сос од соја, 2 лажици оцет од ориз и половина лажица рендан ѓумбир, 1 лажица лут сос (табаско или нешто слично). Промешајте да се соединат и додадете шолја киноа.

Фото: Pixabey