Како да направите џем од сливи без зрнце шеќер?

Ако сакате да правите џем од сливи што не содржи шеќер, а сепак има сладок вкус, постојат различни трикови што ги користат домаќинките. Едни од нив се и овие

0
390

Време е за правење џем од сливи, но ако годинава сакате да направите поздрава верзија, без шеќер, а сепак со сладок вкус, еве два начини.

Во едниот случај се додава чоколадо додека се вари џемот, а во другиот се додава мала количина сол за да им помогне на сливите дополнително да ја ослободат нивната сладост.

Кој начин и да го одберете, ќе добиете природно сладок и сто проценти здрав, диетален џем без трошка хемија, кој можете да го јадете со леб, со палачинки или да го користите како состојка за разни колачи.

Состојки:

зрели сливи (количина по желба)
сол (на 1 кг сливи оди прстофат сол) или 150-200 грама црно чоколадо или чоколадо за готвење (на 10 кг сливи)

Приготвување:

Прво, добро измијте ги и исчистете ги сливите. Потоа исцедете ги или исушете ги малку за да не бидат влажни. Изберете позрели сливи. Наредете ги во тава или во тенџере, посолете (ако го користите начинот со чоколадо, не солете), промешајте и ставете ги во рерна на 200 степени. Потребен е околу 1 час за да се испечат сливите. Доволно е да се промеша само еднаш за време на печењето, приближно половина час од почетокот на готвењето. Тогаш додадете го и чоколадото ако ја правите таа варијанта.

Истурете го џемот во чисти и суви, стерилизирани тегли, добро затворете со соодветен капак и тоа е тоа.

Фото: Unsplash