Како да одберете здраво месо и млеко?

Од раните 50-ти години на минатиот век до денес се произведени околу 3500 нови хемикалии кои го пронајдоа својот пат до храната што ја јадеме секој ден. Докторите и нутриционистите откриваат што се ксеноестрогени, како ќе ги препознаеме и зошто е добро да ги избегнуваме!

0
701

Го сменивме нашиот начин на исхрана и денеска се храниме многу поинаку отколку пред 40 години. Технологијата за производство на храна значително напредуваа, па затоа денес имаме широк спектар на прехранбени производи на полиците на продавниците, па и самите станавме многу поизбирливи. Стануваме сѐ посвесни за важноста на изборот на здрава храна, што ја препознаваат мултинационалните компании и создаваат „функционална храна“, т.е. храна која има здравствени придобивки. Ние пиеме „паметни напитоци“, јадеме производи со малку калории, со помалку маснотии, храна без шеќер, со вештачки шеќери …

Но, токму во тоа мноштво се кријат многу замки. Од раните 50-ти години на минатиот век, до денес се произведени околу 3500 нови хемикалии кои го најдоа својот пат до храната што ја јадеме секој ден.

Ксеноестрогени

Инсектицидите, како што се органофосфати, нитрати и пестициди, се користат во производството на храна, а синтетичките стероиди се додаваат во храната на животните на фармите за да растат побрзо. Исто така, постојат антибиотици, кои деновиве рутински се додаваат во храната за животни и на крајот се стасуваат во нашите чинии. Подобрувачите на вкус се додаваат  во храната, супстанции кои се додаваат во овошјето и зеленчукот, така што кога се берат, подолго можат да се одржат во ладилниците и на полиците во продавниците, а тука се и хемикалиите од пластиката …

Списокот е бесконечен, а дејството на сите овие супстанции е слично – сите тие можат да ги имитираат хормоните во организмот и да го нарушат природниот хормонален баланс и, следствено, да предизвикаат промени во многу системи во нашиот организам. Денеска, овие хемикалии ги нарекуваме со едно име – ксеноестрогени.

Резултатот од нивното внесување е зголемен број на карциноми на дојка, фиброиди, неплодност, ендометриоза, полицистични јајници, ПМС …

Етикетите на производите треба да се читаат и да се информираме што зборуваат сложените имиња за составот на храната.

Но, понекогаш етикетата не открива сè. Ова е причината зошто е важна информацијата за тоа како да се препознае здравата храна и како максимално да се намали внесувањето на ксеноестрогени во организмот. Храната е пат кон здравјето, треба внимателно да се избира …

Како да се идентификува здравото месо?

Јадењето месо не мора да биде лоша прехранбена навика, сѐ додека го јадеме во умерени количини, јадеме што е можно помалку мрсни парчиња и, се разбира, парче што не е загорено. Идеален избор би бил еколошко парче месо кое не содржи хемикалии, хормон за раст и антибиотици. Таквото месо може да се препознае по некои особини.

Инаку, месото содржи висококвалитетни протеини, заситени маснотии и холестерол, што го одржува задоволителното ниво на тестостерон, особено важно за мускулната маса на човекот. Црвеното месо е одличен извор на цинк, витамин Б12 и железо. Ако е еколошко, не е лошо да го имате повремено на менито. Но, ако јадеме месо одгледувано со употреба на брзи, современи методи, внесуваме хербициди и пестициди, повеќе заситени маснотии, хормони за раст и антибиотици. Сето тоа црниот дроб треба да го преработи во соединенија кои повеќе не се опасни за нас и да ги подготви за отстранување од организмот што е навистина напорна работа.

Кое месо е здраво, а кое е опасно за човековото здравје

Животното кое слободно се движи на отворено, како што им наменила природата, јаде трева и така внесува хлорофил, основен елемент во физиологијата на растението, поради што се нарекува и растителна крв. Хлорофилот е богат со магнезиум, чија форма е слична на нашиот хемоглобин и други фитонутриенти, поради што месото на животните одгледувани на отворено е побогато со омега-3 есенцијални киселини (150 мг / 115 гр месо).

Хемикалиите на нашата чинија

Животните во интензивно одгледување стојат рамо до рамо, без простор за движење и го јадат она што се става пред нив, најчесто житарки одгледани со употреба на хербициди и пестициди. Тие хемикалии завршуваат на нашите чинии! Здравиот сооднос на омега-6 и омега-3 есенцијалните масни киселини изнесува 2: 1, а месото на животните кои се хранат со житарки воопшто не содржи омега-3 масни киселини, но содржи хормони за раст и антибиотици.

Месото од животни хранети со трева ќе содржи наполу помалку заситени масни киселини, поради што содржи помалку калории и што е уште поважно, е поздраво за нашиот крвоток.

Исхраната со такво месо овозможува дури три пати повеќе витамини А и Е и до пет пати поголем внес на конјугирана линоленска киселина (CLA). CLA е супстанција која ја произведуваат кравите и други преживари од тревата што ја пасат.

Повеќе од 300 студии потврдиле дека оваа масна киселина има корисен ефект во третманот на рак и дијабетес, како и во одржувањето на здравјето на срцето и крвните садови.

Како да препознаете здраво месо?

Месото не треба да има посилен мирис (освен дивечот). Не купувајте месо чии рабови се суви, ако на површината забележите делови кои речиси ја изгубиле бојата или има на него погруби вдлабннатини. Ова укажува на тоа дека месото е старо, чувано долго време, или поминало долг пат до неговата дестинација и мора да се третира на некој начин за да се одржи додека не пристигне во продавницата.

Антибиотици и хемикалии, исто така, може да се инјектираат во месото за да го продолжат неговиот рок на траење, што е особено применливо за пилешкото. Ако забележите кафени дамки под кожата на живината што имате намера да ја користите, натопете го месото во оцет во кој сте додале сол и оставете да отстои неколку часа.

Потоа темелно исплакнете го со вода. Исушете го и дури тогаш подгответе го оброкот. Ова ќе ги елиминира антибиотиците од месото. Бидејќи оцетот го прави месото помеко, штетните материи излегуваат полесно.

Секогаш купувајте месо од познато место ккадешто ќе ви помогнат да изберете најквалитетно парче. Никогаш не земајте месо од непознат продавач, особено ако се продава по пониска цена.

Ако не можете да добиете еколошко парче месо, изберете и јадете оној кој нема видливи маснотии затоа што токсините од исхраната се акумулираат во масното ткиво на животното.

Особено, избегнувајте колбаси и разни видови пити за кои не сте сигурни каков вид месо се користи.

Не треба да јадете повеќе од три оброци со месо неделно, а идеално би било еден. Парчето црвено месо за еден оброк не треба да биде поголемо од вашата дланка. Со ограничување на количината исто така ќе го намалите внесот на патогени.

Какво млеко купувате?

Млекото содржи протеини, калциум, магнезиум и е важно за здрав раст и развој на коските на децата. Млекото од животните хранети со трева содржи дури 500% повеќе CLA од она на животните што се хранат со житарки (Journal of Dairy Science, 1999).

Сепак, во индустриското производство на млеко, тревата е последното што се става пред кравата. На пример, производителите на млечни производи во Соединетите држави, една од најразвиените земји во светот, денес не смеат да ги продаваат своите производи во Европа заради употребата на генетски произведените хормони кои им се даваат на кравите, а кои можат да предизвикаат голем број на несакани здравствени проблеми. Вештачки произведениот хормон познат како БСТ во таа земја им се дава на кравите за да го зголемат производството на млеко за околу 20 проценти.

Антибиотици и хормони во храната

Овој ист хормон го стимулира црниот дроб да произведува повеќе IGF1, хормон сличен на инсулин, кој природно го имаат и луѓето и кравите. За жал, овој хормон честопати предизвикува инфекција кај кравите па им се дава антибиотик.

Млекото од крава која ги примила овие хемикалии, кои денеска ги нарекуваме ксеноестрогени, ќе претрпи процес на пастеризација што ќе убие штетните бактерии, но за жал, тоа нема да го уништи хормонот ИГФ1 или остатоците од антибиотици.

Затоа, со пиење такво млеко, исто така, ќе внесуваме антибиотици во организмот, зголемувајќи ја нашата отпорност на нивното дејствување во моменти кога навистина ќе ни бидат потребни. Од друга страна, вишокот на хормон IGF1 кај луѓето е поврзан со зголемен ризик од карцином на дојка, простата и дебело црево. Ова е потврдено од новото истражување на универзитетот Харвард, во кое биле вклучени повеќе од 20.000 машки лекари.

Оние кои редовно пиеле млеко со овие хормони, биле изложени на 40 отсто поголем ризик од рак на простата. Не е ни чудо тоа што ЕУ воведе забрана за продажба на вакви млечни производи.

Инаку, CLA – конјугирана линолеинска киселина се наоѓа во месото и млекото на кравите и другите преживари. Повеќе од 300 студии ја поврзаа оваа масна киселина со позитивните ефекти кај ракот и дијабетесот, како и со здравјето на срцето.

Студијата од скандинавскиот Институт Кјелер во Норвешка на 80 дебели пациенти покажува дека оние кои земале CLA за време на програмата за слабеење – откако повторно почнале да добиваат на тежина – добиле 50 проценти мускулна и 50 проценти масна маса, во споредба со групата што не го земала овој додаток и која имала очекувани 25 проценти мускулна маса и 75% масна маса. Уште поинтересно истражување беше објавено во 2000 година во списанието Journal of Nutrition. Група испитаници кои земале CLA ги намалиле вкупните масти за 20 проценти и изгубиле во просек 3,5 килограми, иако не биле на програми за диети.

CLA помага да се зајакне имунитетот, да се намалат холестеролот и триглицеридите, да се зголеми чувствителноста на клетките на инсулин и да се намали абдоминалната дебелина, што ја прави погодна за третман на намалување на вишокот тежина. Дневната количина за да се постигне губење на тежината е 3,4 грама. Недостаток на овој додаток е што инсулинската рамнотежа може да стане зависна од него ако се зема подолго. Тоа е причината зошто оние кои земаат CLA треба да ја вклопат со изведување физички вежби.

Извор: Sensa.hr

Фото: Pixabey