Како кнедлите на мама…

После многу обиди и многу распаднати кнедли во супата, конечно ја имаме вистинската мерка, а кнедлите се како оние на мама....речиси...ни недостасува само уште рутина за да добиеме совршен облик

0
223

Состојки:

1 јајце

4 лажици гриз (ако ви изгледа дека е смесата уште течна, можеби ќе треба да додадете уште една лажица гриз)

2 лажици маслиново масло

сол

ние ставивме и малку копар

Приготвување:

Измешајте ги состојките и оставете ја малку смесата да постои. Ако ви се гледа дека е се уште течна, додадете ја и петтата лажица гриз.

Спуштајте ги кнедлите во зовриена супа. Нека вријат 3-4 минути, а потоа ставете капак, исклучете ја ринглата и оставете да постојат 10-15 минути.