Дали знаете како правилно се чуваат печурките, медот, мајонезот, млекото …

Таман кога ќе помислите дека ова веќе сте го прочитале некаде, ќе сфатите дека има и некој совет плус за кој дотогаш не сте знаелеНа пример, она за правилниот начин на чување на јаболките

0
711

Доколку не сте сигурни дали го правите тоа правилно, еве неколку совети за продолжување на рокот на траење на одредена храна:

Кафеав шеќер

За да спречите шеќерот да се формира во „топчиња“, ставете парче лимон, лиметаили портокал. Потребна му е влага и не смее да се изложува на воздух за да не остане мек.

Мајонез

Трае подолго кога се чува во вратата на фрижидерот. Внатрешноста на фрижидерот може да предизвика маслото да исплива на врвот од теглата. Не е штетно да се јаде таков, но не е толку вкусен како претходно.

Јаворов сируп

Откако ќе се отвори, може да трае подолго – најмалку една година, но во фрижидер. Никогаш нема да се кристализира.

Црвени зачини

Ставањето во фрижидер ќе ги задржи посвежи подолго време, спречувајќи да избледи нивната боја. Зачините, во принцип, мора да се држат подалеку од топлина или сончева светлина.

Мед

Избегнувајте чување мед во фрижидер. Има неопределен рок на траење и никогаш не се кристализира кога се чува на собна температура.

Кашкавал

Кашкавалот треба да дише. Затоа, завиткајте го во мрсна хартија за печење. На сирењето му е потребен кислород за да остане свежо.

Леб

Честопати луѓето мислат дека лебот треба да се чува во фрижидер за да не се „мувлоса“, но тоа не е точно. Чувајте го на собна температура.

Јаболка

Ним им се потребни ладни температури и влажност за да останат свежи подолго време. Затоа, ставете врз нив влажна хартиена крпа кога ќе ги ставите во фрижидер. Исто така, имајте на ум дека јаболката испуштаат етилен, што може да го забрза созревањето на другите производи па секогаш чувајте ги во посебни садови.

Агруми

Портокалите, лиметите, лимоните и грејпфрутот мора да се чуваат во фрижидер во мрежести вреќи.

Домати

Тие траат долго и најдобро е да се чуваат на температура од 12,8 степени Целзиусови. Незрелите домати може да се остават на собна температура некое време додека не станат црвени и сочни. Откако ќе созреат, не ги изложувајте на директна сончева светлина или на ладно.

Банани

Тие созреваат брзо и речиси нема начин како да се спречи тоа. Но, можете да го забавите процесот со тоа што ќе ги раздвоите и ќе ги завиткате стебленцата на секоја банана во пластика.

Билки

Зелените растенија како коријандер мора да се чуваат како цвеќиња. Ставете во тегли со вода.

Печурки

Секогаш отстранувајте ги печурките од нивната амбалажа и чувајте ги во хартиени кеси во фрижидер. Хартијата го апсорбира вишокот на влага и помага да ги одржувате свежиа подолго време.

Краставици

Повеќето луѓе ги ставаат во фрижидер, но идеално е да ги чувате на собна температура.

Компири

Ставете ги во хартиени кеси или картонски кутии и чувајте ги на ладно, темно место. Но никогаш не ги ставајте во фрижидер.

Јаткасто овошје

Јаткастите плодови можат да се расипат ако се чуваат на собна температура повеќе од три месеци. Ако не планирате да ги консумирате во овој временски период, чувајте ги во фрижидер.

Млеко

За да трае подолго, чувајте го во најстудените делови на фрижидерот – назад или на дното, но не и во замрзнувачот. Избегнувајте да го оставате во вратата на фрижидерот бидејќи температурата во овој дел флуктуира што влијае на рокот на траење на млекото.