Како свежите јагоди да ви траат подолго во фрижидерот?

Сите знаеме дека јагодите се расипуваат многу брзо по купувањето иако сте ги ставиле веднаш во фрижидер. За среќа, има еден едноставен трик со чија помош тие нема да почнат да скапуваат во фрижидерот 24 часа по купувањето.

0
590

Дали има нешто пофино од свежите јагоди кога се во сезона? За жал, ова зрнесто овошје многу лесно се расипува, особено ако сте набавиле органски одгледани плодови.

За среќа, нивниот рок на траење може да се продолжи со мал трик.

Што треба да направите?

  1. Во голем сад измешајте пола литар обична вода со 100 милилитри оцет.
  2. Нежно префрлете ги купените јагоди во чинија со оцет и оставете ги внатре неколку минути.

Оцетот ќе ги отстрани спорите од мувла и бактериите од површината на јагодите поради кои тие почнуваат брзо да гнијат. Не грижете се, подоцна нема да го чувствувате вкусот на оцет на јагодите.

3. Потоа, префрлете ги јагодите на хартиена салфета и добро исушете ги. Колку подобро ќе ги исушите јагодите, толку подолго ќе траат во вашиот фрижидер.

Фото: Pixabey