Како се слабее со помош на лук?

Ви претставуваме два совршени рецепти за слабеење кои содржат лук, а резултатите, велат, се забележливи по само неколку дена консумирање.

0
843

Веќе од дамнина се знае дека лукот не само што е одличен додаток за храната, туку и како состојка што може да се користи во диетите за слабеење. Поради неговите лековити својства и специфичниот вкус, тој е неопходен во сечија кујна и исто така можете да го користите за да го забрзате метаболизмот.

Најкарактеристична состојка на лукот што му дава специфичен мирис е алицинот. Тој е одговорен не само за неговиот специфичен мирис, туку и за лековитите својства. Поради хемискиот состав на алицинот, лукот е еден од најсилните природни антибиотици. Одговорен е за неговото антибактериско, антигабично, антивирусно и антипаразитско дејство.

Во овој поглед, во народната медицина е познато дека лукот може да се користи како лек за:

Висок крвен притисок

Превенција од рак на дебелото црево и простатата

За зајакнување на имунитетот

За раст на косата

Габи

За кожни проблеми

За брадавици

За бактериски воспаленија и инфекции.

Сепак, термичката обработка на лукот има негативен ефект врз алицинот, такашто со готвењето лукот ги губи лековитите својства. За да се одржат лековитите својства на лукот во исхраната, неопходно е тој да се консумира сиров. Ова е особено важно ако сакате да користите лук за да го забрзате метаболизмот. Ви претставуваме два совршени рецепти за слабеење кои содржат лук, а резултатите, велат, се забележливи по само неколку дена консумирање.

Лук и мед

Можете да подготвите голема количина на смеса од лук и мед и да ја користите подолго време. Затоа, обидете се да купите квалитетен мед и домашен лук за кој сте сигурни дека пораснал под соодветни услови. За овој рецепт ви требаат:

12 чешниња лук

околу 300 грама мед,

1 поголема стерилизирана тегла.

Приготвување:

Исчекајте ги чешнињата на парчиња и малку исцедете ги со рачката на ножот за да го ослободите сокот. Ставете го медот во тегла и измешајте го добро исечканиот лук со сокот што го пуштил. Затворете ја теглата и оставете ја на темно место една недела за да се соединат сите состојки.

По 7 дена, смесата е подготвена за употреба. Можете да јадете по една лажица секој ден, а смесата може да трае долго време, бидејќи лукот содржи природен конзерванс.

Едноставен рецепт за јадење лук на гладен стомак

Исечкајте го лукот колку што е можно поситно и оставете го настрана најмалку 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го јадете на празен стомак, затоа што така телото подобро ги апсорбира хранливите материи.

Ако сакате да го измешате со мед, земете 2-3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед. Јадете ја оваа смеса секој ден. По седум дена ќе ги забележите првите резултати и ќе почнете да губите килограми.

Со дневна консумација на лук, по неколку дена ќе забележите дека се чувствувате енергично и подобро и вашиот метаболизам се забрзува. Ако сте загрижени за непријатниот мирис и ако консумирањето на лук наутро ви паѓа тешко на стомакот, пробајте таблети со лук, иако не можеме да гарантираме дека истата концентрација на алицин во овие апчиња е иста како кај природниот лук. Некои препорачуваат чешнињата да се голтаат цели, како табети.

Фото: Pixabey