Како со помош на солена вода да ги исчистите дишните патишта?

Прочитајте како да почнете да дишете со полн капацитет и што можете да направите во време на ковид за да го зголемите капацитетот на белите дробови

0
297

Постојат многу фактори кои негативно влијаат на респираторниот систем и можат да доведат до намален капацитет на белите дробови.

Во овој период на пандемија е особено важно да се обрне внимание на здравјето на белите дробови врз што негативно можат да влијаат многу фактори. Меѓутоа, ако ги следите овие правила, пренесува Гардијан, ќе дишете со полни бели дробови.

Редовно чистете ги дишните патишта

Користете ја древната техника Џала нети. Станува збор за древна техника за чистење на носот со помош на солена вода.

Овој метод се практикува во јогата и ајурведата илјадници години, за добро духовно и физичко здравје. Има корисен ефект врз здравјето на носот, грлото, белите дробови, очите, ушите и ја подобрува душевната и духовната активност.

За изведување на техниката Jala Neti ќе ви биде потребна специјален сад за вода. Наполнете го садот со млака вода и додадете сол. Добро помешајте. Водата не треба да биде премногу студена или премногу жешка. Соодносот е 1 лажичка сол во половина литар вода, најдобро е да се користи морска сол. Навалете се над мијалникот. Вметнете го продолжениот дел од садот во левата ноздра и полека навалете ја главата кон десно.

Чувајте ја отворена устата и полека дишете преку нејзе. Водата треба да започне да влегува во левата ноздра и да излезе кон десната. Оставете да истекува вода 20 секунди. Извадете го садот и исчистете го носот со силно дишење. Повторете ја истата постапка со десната ноздра.

Можете да ја повторувате оваа техника секое утро.

После овој третман нанесете 6 капки насја масло во вашите ноздри.

Оставете ги цигарите

Пушењето ги уништува белите дробови предизвикувајќи многу проблеми, почнувајќи од мали незначителни респираторни заболувања па се до канцер. Пушењето дефинитивно влијае на капацитетот на белите дробови. Дали знаете дека капацитетот на белите дробови ќе се зголеми за најмалку десет проценти во девет месеци по прекинот на пушењето?

Правете вежби за дишење

Постојат голем број вежби што можете да ги направите за да го одржите здравјето на белите дробови. Една од нив вклучува седење со рацете поставени таму каде што се сместени белите дробови, потоа вдишувате, го задржувате здивот околу десет секунди, па потоа полека издишувате. Правете ја оваа вежба барем по 15 вдишувања и издишувања, по неколку пати на ден. Може да се изведува во седечка позиција, дури и додека гледате телевизија.

Земајте потребна количина витамин Д

Треба да знаете дека повисокото ниво на витамин Д во телото е поврзано со подобра функција на белите дробови. Во текот на летото, во зависност од тоа каде живеат, повеќето луѓе добиваат доволно витамин Д, но во подоцнежните месеци кога сончевата светлина исчезнува, препорачливо е да се земаат суплементи. Витаминот Д може да се најде и во намирници како што се мрсните риби, жолчки и црвено месо.

Пејте

Ако сте еден од многуте луѓе кои сакаат да пеат под туш, можеби имате среќа, бидејќи пеењето може да им помогне на вашите бели дробови. Според ајурведските лекари и терапевти, пеењето е задолжително и особено корисно за пациенти со респираторни заболувања.

Бидете активни

Знаете дека со дишењето како биолошки процес се внесува кислород во телото, а се исфрла јаглерод диоксидот. Додека вежбате, овој процес се случува побрзо и ги прави вашите бели дробови посилни и поефикасни.

Правилно седете

Долготрајното неправилно седење може да го намали капацитетот на белите дробови, бидејќи неправилната положба има тенденција да ги компресира белите дробови. Седнете исправено за да го обезбедите најдобриот можен капацитет на белите дробови. Доброто држење на телото, исто така, може да помогне против болки во грбот.

Потребен ви е свеж воздух

Ако живеете во град, изложеноста на загаден воздух е неизбежна. Дури и краткорочното загадување може да влијае на белите дробови. Користете ја секоја можност за да излезете и да се ослободите од прашината во станот и во градот. Одгледувањето растенија во домот може да ви помогне да го одржите воздухот свеж. Во деновите кога нивото на загадување е ниско, задолжително отворете ги прозорците.

Фото: Pexels