Како јадењето повеќе калории после 18 часот влијае на здравјето на жените?

Претходните студии покажале дека подоцнежните оброци ги зголемуваат маркерите на воспаленијата кои се најчесто поврзани со развојот на дијабетес и срцеви заболувања.

0
220

Една неодамнешна студија во САД открила дека времето на консумирање на оброците можат да влијаат врз кардиометаболичкото здравје на жените, односно, дека внесот на повеќе калории после 18 часот е поврзано со послабо здравје на кардиоваскуларниот систем.

Друга студија сугерира дека конзумирањето оброк порано во текот на денот може да придонесе за слабеење, за разлика од јадењето подоцна во текот на денот што влијае на зголемување на телесната тежина и го забавува метаболизмот.

Претходните студии покажале дека подоцнежните оброци ги зголемуваат маркерите на воспаленијата кои вообичаено се поврзуваат со развој на дијабетес и срцеви заболувања, а други студии спроведени на лабораториски глувци и на луѓе покажале дека планирањето на оброците во вистинско време може да придонесе за контрола на нивото на шеќер во крвта.

Најновото истражување, чии резултати биле презентирани на Конгрес на Американското здружение за срце (АХА) во Филадефија, сугерираат дека конзумирањето на повеќе калории во вечерните часови може негативно да влијае на кардиоваскуларното здравје.

Главниот автор на студијата е д-р Нур Макарем, научен соработник на Универзитетот Колумбија.

Најмалку една година, нејзините колеги следеле навиките во исхраната на 112 жени, со просечна возраст од 33 години.

Тие го испитувале кардиоваскуларното здравје на учесниците на почетокот на студијата и една година подоцна со помош на програмата Life’s Simple 7″.

Кај испитаниците бил следен крвниот притисок, холестеролот, шеќерот во крвта, физичката активност, исхраната, телесната тежина и навиките на пушење. Врз основа на овие фактори, научниците пресметале кардиоваскуларен здравствен резултат за секоја од нив.

Студијата покажала дека учесниците кои консумирале повеќе калории после 18 часот биле посклони кон полошо кардиоваскуларно здравје.

Поточно, кај оние кои подоцна консумирале повеќе храна, кардиоваскуларните фактори на ризик се влошиле. Било забележано зголемување на крвниот притисок, шеќер во крвта и телесната тежина. Всушност, за секој еден процент од зголемувањето на внесот на калории по 18 часот, во иста мерка опаѓал резултатот од нивното кардиоваскуларно здравје.

„Досега, пристапот на животниот стил, кога станува збор за превенцијата од срцеви заболувања се фокусираше на она што јадеме и колку јадеме. Овие првични сознанија. сугерираат дека луѓето кои го земаат предвид односот меѓу времето и калориите кога станува збор за вечерни оброци, придонесуваат за намалување на ризикот од срцеви заболувања“, изјавила д-р Макарем.

Фото: Pexels