Капините можат да превенираат рак или да го спречат неговото ширење 

Една порција капини (околу 15 бобинки) содржат дури 30 мг витамин Ц и речиси 1 мг манган, што задоволува дури 50 проценти од дневните потреби за овие важни хранливи материи.

0
281

Без разлика дали ги јадете свежи, правите вино од капини или неодоливи десерти, капините се секогаш совршен избор за вашето добро здравје.

Дали знаевте дека капините се меѓу топ 10 намирници најбогати со антиоксиданси?

Една порција капини (околу 15 бобинки) содржат дури 30 мг витамин Ц и речиси 1 мг манган, што задоволува дури 50 проценти од дневните потреби за овие важни хранливи материи.

Овие црни бобинки се исто така богати со витамин К, што е исклучително важно за здравјето на вашето срце и коски.

Нивната темна боја се должи на моќните антиканцерогени соединенија – антоцијанини.

Еве шест добри причини зошто треба да ги консумирате и да уживате во нивниот раскошен вкус до максимум.

1. Тие го чуваат здравјето на мозокот и ја подобруваат неговата работа

Храната богата со антиоксиданси, како што се капините, е позната и како „храна за мозокот“.

Капините имаат особено добар ефект врз краткорочната меморија, а благодарение на високата доза на манган, придонесуваат за електрични импулси во вашите мозочни синапси.

Истражувањата покажале дека редовното консумирање значително го намалува ризикот од дегенеративни промени во мозокот.

2. Можат да превенираат рак или да го спречат неговото ширење

Капините се богати со полифеноли, антоцијани, антиоксидантни состојки познати како моќни борци против рак.

Антоцијанините ги блокираат високите нивоа на оксидативен стрес што доведува до ширење на клетките на ракот.

Овие мали моќни бобинки се општо познати како овошје кое спречува мутации во клетките и со самото тоа го превенираат ракот.

3. Ги штитат срцето и крвните садови

Капините се богати со витамин К. Токму овој витамин е клучен за здравјето на срцето и целиот васкуларен систем затоа што спречува акумулирање на плак и зацврстување на артериите.

Редовното консумирање на капини значително ќе го намали ризикот од срцев удар, но ќе го нормализира и крвниот притисок.

4. Делуваат противвоспалително и силно го зајакнуваат имунитетот

Воспалителните процеси се едни од главните предизвикувачи на најтешки и хронични заболувања денес.

Благодарение на полифенолите и другите моќни антиоксиданси, капините делуваат против слободните радикали во вашето тело и со тоа ги штитат клетките од оксидативни оштетувања.

5. Помагаат при ПМС и обилна менструација

Споменатиот витамин К од капините има корисен ефект врз рамнотежата на хормоните, со што се регулира менструалниот циклус и се ублажуваат болката и грчевите.

Исто така го намалуваат и крварењето во случај на обилна менструација, такашто тие се идеално овошје за жени кои страдаат од менорагија.

6. Го чуваат здравјето на кожата и штитат од УВ зраци

Антоцијанините од капината им овозможуваат на кератиноцитите во вашата кожа заштита од УВ оштетувања. Кератиноцитите се клетки кои во епидермот создаваат заштитен слој од УВ зрачење и постојано го обновуваат.

Благодарение на изобилството на витамин Ц, капините го стимулираат производството на колаген во вашата кожа, го намалуваат проблемот со сувата кожа и ѝ даваат убав и здрав изглед.

Фото: Unsplash