Кафето со млеко содржи повеќе заситени масти отколку порција помфрит

Еве уште кои намирници се богати со заситени масти, за кои вообичаено се смета дека го зголемуваат притисокот и холестеролот во крвта па така и ризикот од  болести на срцето и крвните жили.

0
610

Иако е помфритот симбол на нездрава исхрана, изгледа дека обичното кафе со млеко содржи повеќе заситени масти отколку оваа омилена ‘грешна’ храна. Еве уште кои намирници се богати со заситени масти, за кои вообичаено се смета дека го зголемуваат притисокот и холестеролот во крвта па така и ризикот од  болести на срцето и крвните жили.

1.Овошен сладолед или грчки јогурт

Додека шолјичка грчки јогурт содржи 6 грама заситени масти во пола шолјичка овошен сладолед има 4 грама. Исто така, постојат варијанти на грчки јогурт на кои пишува  „со помал процент на маснотии“ или „немасни“. Од овие последниве речиси во целост се елиминирани од заситени масти, но денеска постојат и диетални верзии на сладолед.

  1. Пилешки карабатак или филет лосос

Порција пилешки карабатак од 85 грама, содржи 3 грама заситени масти – трипати повеќе отколку истата количина лосос. Тука зборуваме за месо без кожа во која се крие најголема количина заситени масти.

Наместо карабатак одберете пилешки гради содржат само 1 грам заситени масти по порција.

3.Говедска шницла или млеко со 2% масти

Шолја млеко со 2 отсто маснотии содржи 3 грама заситени масти, што е двојно повеќе од фин говедски одрезок од 85 грама, внимателно исчистен од вишокот маснотии. Дури и да оставите 3 мм маснотија на одрезокот сепак нема да содржи повеќе од 2 грама масти.

Но затоа млекото е подобар извор на витамини А и Д, како и на калциум. Исто така, млекото содржи помалку калории.

  1. Пица или чипс

Едно парче пица содржи 4,5 грама заситени масти што значи дека ги има повеќе отколку порција чипс која ќе ја изедете додека гледате филм. Но тоа не значи дека слободно можете да се препуштите на уживање во чипсот затоа што само 15 „ливчиња“ од овие омилени грицки содржат 1,5 грам заситени масти.

  1. Путер или маслиново масло

Во само една супена лажица путер се наоѓаат 7 грама заситени масти. Тоа е трипати повеќе отколку кај маслиновото масло затоа што една лажица масло содржи 2 грама заситени масти.

Подобро натопете го лебот во маслиново масло отколку да мачкате путер. Кој и да го користите, запомнете дека и едното и другото имаат многу калории, такашто е најдобро да не претерувате.

  1. Бадемово млеко или млеко од соја

Млекото од соја содржи 1,3 грама заситени масти што е повеќе од бадемовото млеко кое речиси воопшто не ги содржи. Двете намирници содржат многу помалку заситени масти отколку што ќе ги најдете во полномасното млеко и млечните производи, како павлаката и сирењето.

  1. Варено јајце или мафин од боровници

Во мафинот се кријат 3-4 грама заситени масти, зависно од неговата големина и состојките во рецептот, но во просек тоа се двојно или повеќе од двојно заситени масти отколку во варено или поширано јајце.

Исто така, мафинот содржи шеќер и други едноставни јагленохидрати додека е јајцето полно со високо вредни протеини и други важни нутриенти.

Фото: Pixabey