Кефирот го намалува крвниот притисок

Истражувачкиот тим од Универзитетот Обрун во Алабама, во соработка со Универзитетот Вила Велја од Бразил, направил експеримент во кој учествувале три групи на луѓе за да откријат на кој начин точно кефирот може да го намали крвниот притисок.

0
197

Кефирот е густо пробиотичко млеко кое е одлично за дигестивниот тракт и одржувањето позитивни бактерии. Претходните истражувања покажаа дека нерамнотежата на бактериите во дигестивниот систем може да предизвика висок крвен притисок кај некои луѓе. Од друга страна, се покажало дека пробиотиците го намалуваат крвниот притисок, но на кој начин, досега не е познато.

Истражувачкиот тим од Универзитетот Обрун во Алабама, во соработка со Универзитетот Вила Велја од Бразил, направил експеримент во кој учествувале три групи на луѓе за да откријат на кој начин точно кефирот може да го намали крвниот притисок.

Една група имала хипертензија и пиела кефир, другата група имала хипертензија и не пиела кефир, третата група имала нормален крвен притисок и не пиела кефир. После девет недели пиење кефир, се покажало дека првата група има пониско ниво на ендоксин, помал крвен притисок и подобрена пропустливост на цревата во споредба со групите кои не пиеле кефир.

Освен тоа, редовното консумирање на кефир ја обновило природната рамнотежа на четири различни бактерии во цревата и ензимот во мозокот неопходни за нормално функционирање на нервниот систем, што укажува на тоа дека нервните и дигестивните системи работат заедно за да ја намалат хипертензијата.

Фото: Unsplash