Кога последен пат сте се напиле од стариот добар чај од камилица?

Како деца, собиравме камилица во училишниот двор или кога ќе отидевме некаде надвор од градот, ја сушевме и дома секогаш ни ја нудеа како лек за сé и сешто. Денеска сите пијат мача чај!

0
254
Додека порано во секоја куќа имаше чај од камилица, сега сите како да ја подзаборавивме оваа билка па повеќе се зборува за некојси нови чаеви непознати за нашето поднебје, како на пример, за мача чај, отколку за старата добра камилица.
Кога ние бевме мали, бабите не праќаа да собереме камилица од училишниот двор, или кога одевме на излет некаде надвор од градот, ја сушевме и дома секогаш ни ја нудеа како лек за сé и сешто.

 

И навистина, камилицата е една од најлековитите билки.

Таа била ценета лековита билка уште во стариот век во древен Египет, Грција и Рим. Долго ја употребувале како средство против болки и грчеви во органите за
варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и
слузокожата. Својата популарност ја постигнува во средниот век, кога луѓето започнале да користат камилица како лек за бројни заболувања меѓу кои: за астма, за болки во стомакот, за покачена температура, за смирување на нервите, против воспаленија, гадење, кожни проблеми, па дури и рак.

Чајот од камилица го потикнува варењето, ја снижува температурата, ги ублажува болките, делува против осипи, конјуктивитис, дерматитис, депресија, мигрена, акни, за смирување на нервниот систем, го спречува паѓањето на косата, добар е против грчеви, ја намалува анксиозноста, го поттикнува варењето на храната, ги опушта мускулите, ја подобрува функцијата на црниот дроб.

И се разбира, за жените кои имаат потешкотии за време на менструалниот циклус, нашите баби препорачуваа да се пие чај од камилица, но и да се става како облог крпа натопена во млак чај од камилица.

Не е лошо да се потсетиме и колку е добра камилицата за смирување и за несоница. Напијте се една шолја чај од камилица и сиот очај кој ве обзема во последно време, ќе го снема како со рака однесен. Не верувате? Пробајте!

Фото: Pixabey