Кога уметник ќе си направи еден обичен оброк…

Секогаш се воодушевувам на оброците на нашиве деца кои студираа уметност и многу често си создаваат применлива уметност, секогаш и секаде, од храна до мебел

0
230

Пред некој ден одам кај внука ми да ја прашам нешто, а таа си прави појадок. Кога го видов нејзиниот оброк во чинијата, ми се пријаде.

Гледам дека децава, барем овие што студираа уметност (ќе ми се налутат ако пак ги спомнам ама ќе морам – Горазд е скулптор, а Јана – графичарка), си прават уметност од сѐ и од сешто, и тоа во секојдневниот живот, од храна па до мебел. Од стар прават нов мебел, ама и кога си прават обичен појадок, тој мора да изгледа добро.

И да не должам, на фотографијата е појадокот на Јана: тост украсен со мајонез и намаз/салата од авокадо, домат и кромид.

Добро изгледа, нели?