Кога јаболкото ќе стане слатко како бонбона

Еве го нашиот предлог за тоа како треба да изгледа едномесечниот шеќерен детокс на вашиот организам, доколку ве поттикнавме конечно да ја спроведете диетата која го исклучува консумирањето на шеќер во сите облици.

0
455

За првите три дена од детоксот се препорачува целосна апстиненција од додадени шеќери, но исто така и од овошје, зеленчук богат со скроб (како грашок, пченка, компири или батернат тиква), млечни производи, житарки и алкохол. Првите три дена, ќе јадете само протеини, зеленчук без скроб и здрави масти.

На пример, појадокот може да бидат три јајца подготвени на кој било начин, ручек – од 15 до 20 дкг пилешко месо, риба или тофу и зелена салата, а вечерата треба да биде малку пообилна варијанта од ручекот, со замена на салатата со брокула, спанаќ или кељ зготвени на пареа. За ужинка, можете да земете 3 дкг ореви или лешници и пиперка исечена на лентички со хумус, додека од пијалоците во текот на денот се дозволени вода, незасладен чај и црно кафе.

– Првата недела

По првите три дена детоксикација, можете да ставите едно јаболко во исхраната. Четвртиот ден од вашата диета тоа ќе ви изгледа слатко како бонбона. Исто така, ќе забележите и дека кромидот е всушност сладок, бадемите се слатки и така натаму. Кога за кратко време целосно ќе го отстраните додадениот шеќер од менито, вашето непце ќе се врати во нормала и повторно ќе можете да ги чувствувате природните шеќери. Од четвртиот ден натаму, можете секој следен ден да додавате по едно јаболко и неколку млечни производи (производите како јогурт или сирење треба да бидат од полномасно млеко и незасладени). Мастите, влакната и протеините ја забавуваат апсорпцијата на шеќер, такашто консумирањето млечни производи лишени од маснотии би резултирало со побрза апсорпција на шеќер. Можете исто така да додадете малку зеленчук богат со шеќер, како моркови и грашок, и дневна порција крекери богати со растителни влакна. Можете да додадете и три чаши црвено вино во првата недела.

– Втората недела

Оваа недела, можете да додадете порција шумско овошје богато со антиоксиданти и уште една порција млечни производи. Можете да воведете зеленчук богат со јаглени хидрати (како цвекло и магдонос).

– Третата недела

Во третата недела, можете да додадете житарки, како што се киноа, овес или јачмен, па дури и овошје, како што се грозје и клементини. Можете исто така да додадете уште една чаша вино во текот на неделата и 3 дкг темно чоколадо секој ден.

Четвртата недела

Оваа недела, можете да уживате дури во две скробни намирници дневно, како што се лебот и оризот, како и крекерите богати со растителни влакна. Можете да ја зголемите количината на вино на пет чаши неделно. Четвртата недела е всушност една недела на одржување, иако се дозволени повремени исклучоци, како што е еден сладолед или парче роденденска торта. Зависничкиот образец на однесување треба да се напуштени досега па сладолед еднаш или двапати неделно не треба да доведе до враќање на старите навики. По 31-от ден на диетата, дозволени се сите видови овошја. Целта е да се добие контрола врз внесувањето на штетни намирници.

Фото: Pixabey