Кое семе да го одберете – чиа или ленено?

Семето од лен и чиа семето ѝ припаѓаат на групата на најздрави намирници на светот. Иако и двата вида семе се здрави и помагаат да се спречат низа состојби и нарушувања, сепак меѓу нив постојат разлики за кои треба да знаете.

0
228

Кога внесувате семиња во вашата исхрана, постојат 3 работи што треба да ги имате предвид: диетални влакна, протеини и здрави масти. Кога станува збор за протеини, семето од чиа и лененото семе содржат еднакви нивоа на протеини. Истото може да се каже и за омега 3 масните киселини, фолната киселина, калиумот и магнезиумот. Ако вашата цел е да го зголемите внесувањето на овие хранливи материи, не е важно кое семе ќе го изберете.

Чиа семето содржи повеќе влакна

Ако вашата цел е да го зголемите внесот на диетални влакна, експертите препорачуваат да одберете чиа семе. Една порција чиа семе ќе задоволи 20% од вкупната препорачана дневна вредност на влакна, додека една порција ленено семе ќе задоволи само 15% од препорачаната дневна вредност. Чиа семето води и во однос на содржината на калциум.

Чиа семето содржи повеќе антиоксиданти

Иако и двете намирници се одличен извор на антиоксиданти, чиа семето сепак содржи повеќе од нив. Антиоксидансите се неопходни за да се намалат нивоата на слободни радикали кои го зголемуваат ризикот од развој на разни видови рак, болести и нарушувања. Не исклучувајте го веднаш лененото семе бидејќи тоа е подобар извор на магнезиум, бакар и витамин Б1.

Чиа семето содржи помалку калории и повеќе јаглени хидрати

Ако вашата цел е да внесувате помалку калории, тогаш експертите препорачуваат чиа семе. Имено, 2 лажички чиа семе содржат 69 калории, додека иста порција ленено семе содржи околу 75 калории. Но, лененото семе е подобар избор кога станува збор за јаглехидрати. Една порција ленено семе содржи 4 грама јаглехидрати, додека една порција чиа семе содржи 6 грама јаглени хидрати.

Лененото семе го намалува ризикот од рак

Ова е една од најзначајните здравствени придобивки на лененото семе. Тие се одличен извор на лигнан, фитоестроген кој е многу важен за здравјето на жените. Лигнаните ги регулираат нивоата на естроген во организмот и со тоа ја намалуваат веројатноста за развој на рак на дојка, еден од најчестите видови карцином кај жените.

Чиа семето го намалува ризикот од срцеви заболувања

Истражувањата покажаа дека чиа семето го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, метаболен синдром и дијабетес тип 2. Чиа семето го регулира нивото на шеќер во крвта и одржува чувство на ситост подолго време.

Кога ќе ги земете предвид сите придобивки од лененото и од чиа семето, ќе донесете одлука врз основа на вашите потреби и желби.

Запомнете дека чиа семето и лененото семе може да биде замена за други намирници. Не треба да ги вклучувате само во вашата исхрана, туку и да ги користите за да го намалите внесувањето на други намирници, бидејќи единствено така ќе ја постигнете саканата телесна тежина.

Фото: Pixabey