Колачи од белките што ви останале и не знаете што да правите со нив

За оние кои не сакаат долго да се задржуваат во кујната, има навистина лесни и брзи рецепти кои бргу ќе ја задоволат вашата желба за солено и за благо. Ова е нашиот едноставен рецепт за благо кој се прави од белките што ви останале и не знаете што да правите со нив

0
217

Состојки:

1 чаша белки

1/2 чаша шеќер

1/2 чаша масло

1 чаша брашно

1 прашок за пециво

кора од лимон

1 рака сечкани ореви, суво грозје или брусница, чоколадни капки

Приготвување:

Белките се матат убаво, а потоа се додаваат останатите состојки, се мешаат и смесата се става во подмачкани калапчиња. Се печат на тивко, а вие за кратко имате експресен и вкусен десерт со крцкави оревчиња и арома на лимон.