Колач од хељдино брашно со црвено овошје

Колачот од хељдино брашно со црвено овошје, како на пример, малини, капини, аронија, потсетува на старите домашни слатки на нашите баби.

0
244

Хељдата е сè попопуларна во исхраната, па ја наоѓа својата примена и во подготвувањето слатки.

Колачот од хељдино брашно со црвено овошје, како на пример, малини, капини, аронија, потсетува на старите домашни слатки на нашите баби.

Состојки:

2 jaja
10 лажици шеќер

10 лажици меко брашно

5 лажици брашно од хељда

10 лажици млеко

½ кесичка прашок за пециво

200 г одмрзнато црвено овошје по ваш избор

Шеќер во прав

Приготвување:

Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво, па додадете ги јајцата и млекото и соединете ги состојките.

.Ставете го тестото во подмачкан тркалезен калап и распоредете го овошјето. Печете околу 35 минути на 180 степени.

Печениот колач изладете го, а потоа поросете го со шеќер во прав.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.