Колач со замрзнати јагоди и свежи јаболка

Кога имате свежи јаболка, а ви се јадат свежи јагоди, направете си ваква комбинација. Како и да го свртите, имате овошје, и одоздола и одозгора

0
150

Овој стар добар колач со овошје е одличен дури и сега, со замрзнати јагоди, од оние најубавите што ги најдовме летоска и со смрзната аронија, ама и со свежи јаболки. Ова последното е бонус плус.

Состојки:

4 јајца

100 гр шеќер

1 дл масло

1 дл јогурт

170 гр брашно

1/2 кесичка прашок за пециво

1 ванилин шеќер

350-400 гр замрзнато овошје (ние ставивме јагоди и аронија)

2-3 јаболки

оревчиња по желба

Приготвување:

Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додаваат јогуртот и маслото.

Додадете брашно со прашок за пециво и измешајте уште малку.

Во подмачкано тавче за печење наредете тенко исечени парчиња јаболки, поросете со крупен шеќер и сечкани оревчиња и одозгора истурете ја смесата. Одозгора ставете го замрзнатото овошје и печете околу 35-40 минути на температура од 180 степени.