Колач со крем од лимон и афион

0
687

Ова е совршен десерт да се направи ден пред забава бидејќи останува свеж во фрижидерот.

Состојки:
1/2 шолја маргарин на собна температура
1/2 шолја путер на собна температура
1/2 шолја шеќер
2 шолји сенаменско брашно
1/2 лажичка екстракт од бадем, по избор
малку сол
2 1/2 големи лажици семе од афион

За филот:
2 конзерви засладено кондензирано млеко
3 големи жолчки
3/4 шолја плус 2 лажици свеж сок од лимон

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги маргаринот, путерот и шеќерот додека добиете мазна смеса. Додадете ги брашното и екстрактот од бадеми и матете додека се соединат. Додадете ги солта и семето од афион и повторно промешајте.

2. Ставете го тестото во тава и со помош на рацете убаво притиснете и израмнете го на дното и по страните од тавата. Изладете го тестотот околу 20 минути и потоа печете 15 минути. Основата ќе расте како колач бидејќи ова е кора од шеќер. Откако ќе ја испечете кората, измазнете ја со лажица.

3. За филот: Загрејте ја рерната на 190 степени. Изматете ги заедно засладеното млеко и жолчките. Додајте го сокот од лимон и матете уште еднаш. Истурете го сето тоа врз кростатата и печете околу 15 минути или додека филот се испече. Само допрете го нежно со прст за да се осигурате дека е подготвен и дека не е уште течен.

4. Оставете го колачот да се излади, а потоа оставете го во фрижидер барем 2 часа. Украсете го колачот со шлаг и со овошје.