Колач со рум и портокал

Ова е уште еден од оние стари рецепти што ќе ви одземат малку време и многу малку садови ...

0
126

Во последниве денови, сите се навраќаме на рецептите на нашите баби, бидејќи се практични, а тие со себе носат и доза на носталгија и утеха. Во таа категорија спаѓа и овој едноставен рецепт од рум и портокал што ќе го направите многу брзо.

Сочен е и миризлив, а списокот со состојки е навистина едноставен, затоа веруваме дека ги имате сите состојки што ви се потребни во својот дом.

Состојки:

180 г путер

200 г шеќер

50 мл рум

5 јајца

250 г брашно

80 г пченкарно брашно

1 прашок за пециво

4 лажици сок од портокал

Кора од портокал

Приготвување:

Премачкајте го со путер калапот. На дното ставете хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте го омекнатиот путер со шеќер во воздушеста смеса па додавајте ѝ на смесата едно по едно јајце.

Додадете сок и кора од портокал и рум па уште кратко измешајте.

Просејте го брашното, пченкарното брашно и прашокот за пециво па измешајте ги со дрвена лажица.

Ставете ја смесата во калапот, измазнете ја и печете околу 1 час.

Проверете со чепкалката дали е готов, извадете го и оставете го 15-тина минути да се лади во калапот, а потоа на решетката.

Фото: Pixabey