Компирите ви се изртени или зелени? Треба ли да ги фрлите?

Најчесто изртените компири може слободно да ги консумирате ако претходно ги исчистите, но ако се зелени, најдобро е да не ги консумирате

0
688

Ова не е време да се фрлаат производите. Очигледно, колку помалку одиме во продавница, толку подобро. Затоа, треба да обрнеме внимание на работите што остануваат употребливи, дури и ако на прв поглед изгледа како да треба да се фрлат.

На пример, може ли безбедно да користите компир што изртел?

Наједноставниот одговор на тоа е – да. Компир што никнува е совршено безбеден за јадење. Сè што треба да сторите е да го исечете изникнатото и внатрешноста под него и ќе биде совршен за употреба.

Постојат неколку работи поради кои треба да размислите дали да го искористите компирот.

  1. Ако кожата е прекумерно збрчкана – фрлете го.
  2. Ако месото е многу меко и со променета боја или нечисто – исфрлете го.
  3. И ако не дај Боже, мириса непријатно – веднаш извадете го надвор. Расипаниот компир не е нешто што сакате да го имате во вашата куќа …

На компирите не им треба многу грижа. Само чувајте ги на ладно и суво место, подалеку од сончевата светлина.

И што да правите ако почнете да лупите компир и има малку зелена нијанса на месото под кората? Таа зелена боја не е добар знак. Укажува дека соланинот се развил во компирот. А соланинот не е добра работа за консумација. Ако станува збор за мала површина, можете да го излупите, да го вкусите компирот и ако не е горчлив, искористете го. Но, за да биде 100% безбедно, јадењето зелен компир не е најдобра идеја.

Фото: Pixabey