Конечно примамлив совет за слабеење: Најадете се, па одете на спиење

Иако обично не се препорачува да јадете доцна во ноќта, Сандра Калва, фитнес инструкторка и моделка за бикини истакнува дека не е лошо да земате јаглехидрати пред да одите во кревет. Таа препорачува навечер пред спиење да изедеме вкусна каша од житарки со млеко или вода, а потоа да си легнеме.

0
309

Секоја диета значи да се намали количината на храна, но оваа, на фитнес инструкторката и моделка за бикини, Сандра Калва, препорачува да јадете еден оброк пред спиење. Калва споделила еден, наводно, чудесен трик за слабеење, а жените биле воодушевени. сега ни е јасно и зошто. Таа истакнува дека навечер пред спиење треба да јадеме едно вкусно јадење – каша од житарки со млеко или вода. Самата таа, секоја вечер околу 21 часот, јаде каша, а потоа легнува.

Обично не се препорачува да јадете доцна во ноќта, но оваа фитнес инструкторка истакнува дека не е лошо да земате јаглехидрати пред да одите во кревет.

Сандра објаснува дека кашата што ја јаде навечер ѝ помага да се опушти и да спие подобро. Исто така, многу експерти истакнуваат дека не мора да избегнувате леб ако сте на диета, туку да го замените белиот леб со леб од цели зрна. Најважно е исхраната да биде балансирана и умерена, а за успешно слабеење без враќање на килограмите потребно е и редовно вежбање.

Фото:Freepik