Копривата лек за сè: од артритис до инфекција на бешиката

Лисјата од коприва можат да се користат за лекување на болните симптоми на артритис, гихт, ревматизам, како растителен третман и хомеопатски лек за ублажување на симптомите на астма, поленска треска, уртикарија и други видови на алергиски дерматитис, и за многу други здравствени проблеми

0
229

Копривата расте на целата планета и долго време се користи во исхраната на луѓето, но исто така и за медицински цели. Тaa е многу хранливa, но и лековитa. Покрај тоа, таа е еднa од оние билки што можат да послужат како лек за речиси сè што ве мачи: од артритис до инфекција на бешиката.

Лек за артритис

Лисјата од коприва може да се користат за лекување на болните симптоми на артритис, гихт, ревматизам. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат лупус и други автоимуни нарушувања страдаат од болки во зглобовите и дека чајот од коприва или конзумирањето коприва во нивната исхрана може да обезбеди олеснување. Го алкализира организмот и ја елиминира мокрачната киселина од зглобовите, што резултира со олеснување на болката кај луѓето кои страдаат од гихт.

Здравствени придобивки од копривата за жените

Копривата е многу богата со железо, што го прави одлична храна за борба против анемија и замор. Таа го подобрува здравјето на црниот дроб кај жената и хормоналниот систем. Бремените жени имаат корист од ова растение бидејќи штити од крварење и го зајакнува фетусот. Исто така, копривата го подобрува производството на млеко кај жени кои дојат, ги ублажува симптомите на ПМС и менопаузата.

Растителен лек против алергии

Лисјата од коприва може да се користат како растителен третман и хомеопатски лек за ублажување на симптомите на астма, поленска треска, уртикарија и други видови на алергиски дерматитис.

Копривата го поддржува функционирањето на мочниот меур и уринарниот тракт и кај женита и кај мажите. Чајот од коприва го засилува мокрењето и помага во „разбивање“ на камењата во бубрезите. Исто така, истражувањата покажуваат дека ова растение може да помогне во намалување на зголемената простата.

Паѓање на косата и кожни заболувања

Чајот од коприва ги ублажува егземите и акните, помага во отстранување на брадавиците (кога се нанесува локално) и го олеснува чешањето и осипите кои настануваат од уртикарија. Има стимулирачки ефект врз коренот на косата, кога се користи за плакнење на косата, а бројни студии покажуваат дека помага во обновување на косата и враќање на нејзината природна боја и сјај. Покрај тоа, чајот од коприва ефикасно го отстранува првутот.

Варење

Лисјата од коприва се доста ефикасни во ублажување на разни дигестивни нарушувања, како што се гастроезофагеален рефлукс (ГЕРД), гасови, гадење, повраќање, колитис и целијакија (нетолеранција на глутен). Покрај тоа, лековитиот ефект на копривата врз слузницата ја прави ефикасен растителен третман против воспаление на грлото, отечени хемороиди и крварење од носот.

Фото: Pixabay