Корен од глуварче против рак

Се верува дека коренот од глуварче е толку силен што делува на клетките зафатени од рак и ги уништува во рок од 48 часа, додека за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.

0
476

Глуварчето е неправедно запоставено растение со многу лековити својства. Има и диуретични својства, го стимулира лачењето на жолчката и го чисти црниот дроб, го намалува холестеролот и помага при разни видови алергии. Покрај овие својства, содржи и многу други важни витамини и минерали, како витамин К и витамин А.

Некои научници тврдат дека коренот од глуварче делува многу поефикасно од хемотерапијата, која ги „убива“ сите клетки, додека коренот од глуварче делува  само врз канцерогените.

Првичното истражување било спроведено на Одделот за хемија и биохемија на Универзитетот Виндзор во Канада и било заклучено дека коренот од глуварче ефикасно ги „убива“ клетките зафатени од рак, без никакви штетни влијанија врз другите клетки во организмот.

Седумдесет и двегодишниот Џон ди Карло, се уверил во лековитите својства на глуварчињата. После не многу успешни интензивни и агресивни третмани со хемотерапија, цели 3 години, му било предложено да проба чај од корен од глуварче.

По само 4 месеци, пишува Natural News, Џон доживеал ремисија на болеста (делумно или целосно повлекување на болеста).

Инаку, коренот од глуварче мора да се бере или во есен или во пролет, кога целата енергија на растението е содржана во коренот. Најдобро е да го наберете кога ќе се појават жолтите цветови.

Глуварчето или поточно коренот треба да се извади од земјата. При вадење, внимавајте да не го оштетите коренот за да не ја изгубите лекувачката течност што се крие во него.

Обрнете внимание да го берете на места кадешто растенијата не се третираат со хемикалии. При бербата, обрнете внимание на големите цветови бидејќи се тоа силни билки со силни корени.

Свежиот и исушен корен се користи за подготовка на чај од корен од глуварче. Ако сакаме да го чуваме, треба да го исушиме. Во тој случај, треба внимателно да се излупи и да се исече на помали парчиња пред да се исуши. Се суши на свеж воздух раширен на подлога со добар проток на воздух.

Треба да се суши 3-14 дена, а исушен е кога ќе стане кршлив под прстите. Кога ќе се исуши, можете да го ставите во тегла и да го оставите на темно место. Зачуван на овој начин, тој ги задржува своите лековити својства до 1 година!

Како да направите чај?

Ставете 1 лажичка корен од глуварче во 2 дцл ладна вода, и ставете го заедно на рингла да зоврие, а потоа варете го уште 5 минути.

Тргнете го и покријте го па оставете го така 10 минути, а потоа исцедете го.

Пијте 3 пати на ден пред оброците.

Фото: Pixabay