Коријандер – зачин и чистач на токсини од организмот

Коријандерот (Coriandrum sativum) е најдобриот чистач на токсини и тешки метали од организмот. Уште од дамнина се користел како зачин во гастрономијата, но се карактеризира и со исклучителнo лековити својства.

0
550

Коријандер се користел како зачин уште од дамнина, а истовремено е и исклучително лековит. Најчесто се користат неговите листови и семето.

Коријандерот (Coriandrum sativum) е најдобриот чистач на токсини и тешки метали од организмот. Уште од дамнина се користел како зачин во гастрономијата, но се карактеризира и со исклучителнo лековити својства.

Изглед на питом коријандер

Дивиот коријандер се наоѓа во полињата со житни култури, но само питомиот коријандер се користи како зачин и како лековито растение. Семето има многу пријатен мирис и најдобро е да се смеле пред употреба, бидејќи само тогаш доаѓа до израз неговиот слаткаст вкус.

Коријандерот како зачин

Коријандерот може да се користи свеж, како и неговите суви лисја и семиња, во текот на целата година. Тој е исклучително ценет зачин кој се додава на многу јадења. Во Европа и Америка, повеќе се користи семето, а во Азија и Африка, исто така, се користат и листовите. Се додава во салати, супи, чорби, рижото, јадења од зеленчук, месо, риба, сосови. Тој е исклучително популарен зачин во кујните на Египет, Мароко, Мексико, Кавказ и Индија.

Сувото семе се користи за печење, производство на слатки, во производство на колбаси и сирења, конзервирање маслинки, зимски зеленчук. Често се комбинира со други зачини како ким, лук, мајоран, чили и анасон. Коријандерот исто така се користи и во производството на парфеми.

Голем број на лековити својства

Лисјата и семето на коријандер се користат за подобрување на варењето, кај проблеми со гастритисот и чир на желудник и дванаесетпалачно црево, за искашлување при бронхитис и пневмонија, кај воспаление на мочниот меур и уринарниот тракт, ревматизам и артритис, за ублажување на депресијата, намалување на крвниот притисок, за подобрување на спиењето. Коријандерот исто така има улога во детоксикација на организмот од насобраните токсини.

Го зајакнува црниот дроб и го подобрува апетитот, но се користи и за слабеење поради неговата способност да помогне при излачување на вода и токсини од организмот, го подобрува метаболизмот. Ги ублажува алергиите, го регулира шеќерот во крвта и ги ублажува проблемите со менструацијата, а делува и како афродизијак.

Рецепти за чаеви од коријандер

1. Истурете една лажица смелено семе со 2,5 дл врела вода и по 15 до 30 минути процедете. Овој чај помага при слабост на цревата, отоци и тумори.

2. Прелијте две лажици сечкани лисја со една чаша топла вода. Овој чај се пие во текот на денот. Се користи за ублажување на алергиските симптоми.

Маслото од коријандер има антибактериско дејство. Се добива со дестилирање на незрели плодови, а во поголеми количини е отровен и предизвикува интоксикација и длабок сон. За да дојде до израз позитивниот ефект на коријандерот, треба да се користи три недели. Капките од коријандер содржат горчливи материи, кои поттикнуваат варење и излачување на отпадните материи. Тие се земаат во количина од 25 капки пред јадење. За проблеми со гастритис, се земаат 40 капки во чаша вода на празен стомак

Коријандерот содржи минерали (калциум, селен, магнезиум, цинк, железо, фосфор, калиум, јод), витамини (А, Б1, Б2, Ц, ПП), органски киселини и околу 1% етерични масла.

Фото: Pixabey