Костените ја чистат крвта и го јакнат имунитетот

.Овие есенски намирници се тешко сварливи, но затоа даваат многу енергија.

0
274

Постојат два вид костени – питоми (Castanea sativa) и диви костени (Aesculus hippocastanum).

Питомите костени се тие кои се јадливи и ги развеселуваат нашите непца, додека дивите се користатповеќе во медицински цели.

Тие ја чистат крвта и и го јакнат имунитетот. Тешко се сварливи но затоа даваат многу енергија.

Поради нивната хранливост старите народи ги користеле за јакнење на организмот, додека во средниот век плодовите на питом костен биле важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството.

Дивите костени се користеле како храна за добиток, најмногу за коњите, па оттука и неговото второ име – коњски костен.

Познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат костеновите шуми на освоените подрачја за да го уништат изворот на храна на домашното население.

Исклучително е хранлив, содржи многу вредни минерали и витамини како магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо, речиси сите групи витамин Б.

Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пире, сушени за брашно, како и во многу слатки и солени јадења.

Листовите од костени се користат за чај. Содржат дури 95% танин како и разни есенцијални смоли и витамин К кој е исклучителен за запирање на крварењето.

Во комбинација со мајчина душица костените ги лечат проблемите со системот за дишење, го чистат организмот, помагаат кај болки во грбот и диареја.

Медот од костени е многу хранлив и лековит. Лекуваат гастритис и пречки во варењето, го штитат црниот дроб и придонесуваат за подобра циркулација на крвта.

Дивите костени најчесто се применуваат за лекување на проблеми со вените, артритис и реума.

Делуваат диуретично и антивоспалително, го намалуваат отекувањето на лимфа и помагаат кај кожни заболувања.

Позната е и тинктурата од косени која се користи за проширени вени, кај проблеми со циркулацијата, болки во коските, зглобовите и грбот.

Цветовите се користат во изработката на тинктури за лечење на ревматски тегоби, гихт, артритис и невралгија.

Фото: Pixabey