Кој сака денот да го почне нездраво?

Ако ви е преку глава од овесни каши, тост со авокадо или палента, иако е сето ова многу многу вкусно и здраво, почестете се овој викенд со кекси со мак и кафе или чај

0
168

Нормално, се прават лесно и брзо – за само 20 минути.

Состојки:

130 г шеќер
100 г путер
1 големо јајце
1 лажица рендана кора од лимон
150 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица семе од афион
прcтофат сол

Приготвување:

Измешајте го путерот со шеќер, смесата треба да станува се посветла и полесна.
Додадете го јајцето и кората од лимон и кратко измешајте.
Во посебен сад, измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Измешајте ги со смесата со путер, а потоа додадете го и семето од афион.
Ставете врз тепсијата хартија за печење и користејќи мала лажичка, обликувајте  топчиња и распорете ги низ тепсијата на растојание од 5 цм.

Печете ги 10-12 минути во рерна загреана на 170 степени.

Оставете ги малку да се оладат и уживајте викендов дома.

Фото: Pixabey