Краставиците не се само за шопска и за таратур…

Краставиците можете да ги замрзнете. Излупете ги, изрендајте ги и наполу исцедени ставете ги во кесичка и во замрзнувач. Можеби звучи чудно, но од нив можете да направите и мармалад

0
539

Најчесто со краставиците се прави таратур и секако, тие се дел од секоја шопска салата. Но има и многу други начини на кои можете да ги искористите во кујната.

На пример, од краставици можете да направите и вариво во комбинација со компири и да го зачините со копар и кисела павлака. Посебно е вкусна и ладната гаспачо супа од свежи краставици со лубеница или со домати. Сосот од јогурт, краставици, мента и малку мелен црн пипер може да стои во фрижидерот подолго отколку самите краставици.

Сокот од краставици е богат извор на калиум, па вишокот излупени краставици за салата, изматете ги во блендер и добиениот сок може да стои во фрижидер и до една недела, а добро оди со сок од јаболко, цвекло, лимон, минерална вода и ѓумбир. Помешајте го со сок од морков и целер, мед и нане.

Ако краставиците не ги употребите  во рок од три дена по берењето или по купувањето, искористете ги за приготвување на ручек. Преполовете ги и наполнете ги со динстано мелено месо, долејте вода и динстајте ги на тивок оган или печете ги покриени во рерна. Можете пресечени на неколку помали парчиња да ги издлабите и да ги наполните со смеса од сирење, павлака, ситно сечкани разнобојни пиперки и шунка.

И како најинтересно, за крајот еве и еден брз и лесен рецепт за мармалад од краставици.

Состојки:

4 шолји сечкани краставици, излупен и исечкани
½ шолја сок од лимон
½ шолја јаболков оцет
4 шолји шеќер
1 пакување пектин во прав
3 лажици ситно сечкано свежо нане

Приготвување:

Во големо тенџере, измешајте ги краставиците, сокот од лимон, јаболковиот оцет и пектинот. Оставете ги да зовријат, мешајќи повремено со лажица. Оставете ги 1 минута па додадете го шеќерот и повторно зовријте и варете 1 минута.
Тргнете од ринглата и трнете ја пената. Додадете го нането.
Префрлете го во тегли, но оставете 1/4 простор одозгора. Ставете ги теглите и оставете ги 10 минути во зовриена вода.

Фотографијата и рецептот за мармаладот од краставици се од ТУКА.