Краставички киселени на нордиски начин

Кога се подготвени на овој начин можете да ги јадете веќе по неколку часа или следниот ден, а по отворањето, задолжително чувајте ги во фрижидер.

0
381

Нордискиот начин на киселење е малку поразличен од нашиот, вкусот на краставиците е пријатно кисел, солен и сладок и тоа ги прави интересен прилог за јадења со месо, компири, но и за хамбургер.

Кога се подготвени на овој начин можете да ги јадете веќе по неколку часа или следниот ден, а по отворањето, задолжително чувајте ги во фрижидер. Ако ги чувате во стерилизирани тегли (видете ги упатствата подолу), конзервирани на овој начин стануваат вистинска зимница што трае неколку месеци доколку се чуваат на ладно и темно место.

Состојки:

1 кг мали краставички за киселење
неколку гранчиња свеж копар

по желба:

десетина зрна црн пипер
десет зрна синап (семето од синап е главна состојка за производство на сенф)

за киселење

4 чаши вода
2 чаши јаболков оцет
1 лажичка морска сол
половина чаша шеќер
4-5 мали тегли од околу 200-250 мл, измиени и стерилизирани

Приготвување:

Исплакнете ги теглите и стерилизирајте ги најмалку 3 минути, заедно со капаците. Исечете ги краставиците на тркалца и оставете некое цело парче по желба.

Во тенџере измешајте оцет, сол, шеќер, семе од синап и црн пипер и оставете да зовријат мешајќи додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата настрана.

Ставете ги краставиците во тегли, на средина и одозгора ставете го копарот разделен на помали гранчиња. Прелијте ги со течноста додека е уште топла и затворете. По некое време, ќе се создаде вакуум, затоа преместете ги теглите на ладно и темно место, а во фрижидер може да траат со месеци.

Може да ги јадете уште следниот ден, а по отворањето, задолжително чувајте ги во фрижидер.

Фото: Pixabey