Кремаста веган паста

0
146

Органски шпагети од крупник во кремаст вегански сос од индиски ореви, комбинирани со вкусни траки од тиквички и динстана леблебија – нашата кремаста паста е вистинско уживање за сечиј вкус.

Состојки

75 г dmBio индиски ореви
300 г сладок компир
½ кромид
1 чешне лук
200 мл крем за готвење од овес
малку црвен пипер
350 г dmBio шпагети од крупник
малку сол
1 тиквичка
100 г dmBio леблебија
малку dmBio масло за пржење
малку dmBio црн бибер
50 г сушени домати

Подготовка:

  1. Индиските ореви потопете ги во голема количина вода и оставете ги околу 2 часа.

2. Излупете ги слатките компири, исечкајте ги на мали парченца и во зовриена вода оставете околу 20 минути да се сварат.

3. Лукот и кромидот исечкајте ги на ситни парченца. Ставете ги во тава со масло за пржење и малку издинстајте ги.

4. Потопените индиски ореви, компирите и кромидот и лукот ставете ги во блендер заедно со кремот за готвење од овес, една пиперка и блендирајте околу 3 минути додека не добиете кремаста текстура. На крај, сосот додадете го во тава и гответе на среден оган со постојано мешање околу 3 минути.

5. Шпагетите од крупник ставете ги 6-7 минути во зовриена и солена вода и одвреме-навреме промешувајте ги. Потоа ставете ги во сосот. По желба можете сосот да го разредите со водата од шпагетите.

6. Издинстајте ја леблебијата во тава со малку масло за пржење. Зачинете со пиперчињата и со малку црн бибер.

7. Исечкајте ги доматите на ситни ленти.

8. Ставете ја пастата во длабока чинија. Сушените домати и динстаната леблебија распоредете ја убаво на пастата, а по желба можете да дозачините и со босилок.

Користени dmBio производи:

dmBio индиски ореви, 150 г
dmBio крем за готвење од овес, 200 мл
dmBio шпагети од крупник, 500 г
dmBio масло за пржење, 750 мл
dmBio леблебија, 350 г
dmBio црн бибер, 70 г