Крцкави кекси без јајца од само 3 состојки

Кога дома немате јајца, а сакате нешто слатко, подгответе ги овие едноставни крцкави колачиња од само три состојки.

0
224

Ова е рецепт од готвачот „Брзи и едноставни слатки“ на италијанската авторка Алис Балоси, но прво ќе ви ја раскажеме накратко нејзината приказна …

Пред пет години, Алис Балоси работела здодевна канцелариска работа што не ја исполнувала. Затоа се одлучила за голема промена и се пријавила на италијанското кулинарско шоу „Bake off“.

„По учеството во шоуто, новинарите честопати ме интервјуираа и приказната за слаткарството некако сама почна. Потоа, ја започнав мојата страница „I dolci di Alice“ каде редовно објавувам рецепти и сега можам да кажам дека навистина го правам она што го сакам. После шоуто и интервјуaта, почнав да подготвувам сè повеќе десерти на италијанската телевизија, и после толку години работа и напор, пишувањето на книгата беше круна на тој момент, вели Балоси.

Покрај тоа што обожува да подучува на уметноста на слаткарството со цел да го приближи овој вид уметничка форма поблиску до публиката, Алис сака да му даде на секој сладок рецепт личен белег, а токму тоа е она за што честопати е потребна инспирација.
Во слаткарството, тешко е да се смисли рецепт што веќе не постои во светот и кој е оригинален затоа што веќе ги испробавме речиси сите комбинации. Мојата тајна е што ги поедноставувам сите рецепти. Откако ќе ги прилагодам на начин што е прифатлив за мене, тогаш тие бараат помалку потребен прибор за подготовка, чекорите се многу поедноставни и ќе заштедите повеќе време, додава Балоси.

Рецепт за крцкави колачиња
Состојки:

150 г омекнат путер
70 г шеќер
130 г брашно

Приготвување:

Во голем сад измешајте ги путерот и шеќерот, такашто ќе добиете изедначена смеса. Потоа додадете го брашното и веднаш штом смесата ќе го апсорбира, престанете да го изработувате тестото.

Развлечете го со оклагија помеѓу два листови хартија за печење (ако немате оклагија можете да ги користите и вашите раце – не мора да бидеме прецизни по секоја цена!) И ставете го во фрижидер најмалку 30 минути за да се зацврсти. По 30 минути вклучете ја рерната на 170 степени и додека се загрева, исечете ги кексите со помош на форми за колачи или со обична чаша.

Наредете ги во тепсија врз хартија за печење. Ставете ги во рерната и печете ги околу 15 минути. Внимавајте на работ на кексите: кога ќе добијат златно жолта боја, време е да ги извадите од рерната.

Фото: Unsplash