Ладни супи – гаспачо и вишисоаз

Постојат два начина да направите ладна супа: или направете топла супа и оставете да се излади, или подгответе ја ладна. Честопати овие супи се служат на мраз.

0
201

Ладните супи се подготвуваат со векови, особено на Медитеранот, кадешто свежите производи се достапни во текот на врелите месеци.
Овие супи се лесно и вкусно уживање кога температурите се премногу високи за топлите јадења. Обично за нивна подготовка се користат домати, краставици, тиквички, пиперки, а како течност, освен вода и бистра супа, се користат киселото и кокосовото млеко.

Постојат два начина да направите ладна супа: или направете топла супа и оставете да се излади, или подгответе ја ладна. Честопати овие супи се служат на мраз.

Гаспачо (Gazpacho)

Според легендата, римските војници сакале да го направат киселото вино попитко, па во него додавале леб, маслиново масло и краставица. Резултатот бил гаспачо, ладна супа направена од сиров зеленчук.

Од 18 век, доматите станале составен дел на оваа супа, како и краставиците, а потоа се додале и кромид, лук, оцет и пиперка.
Една половина од зеленчукот се меша и се претвора во пире, кое понатаму се меша со ладна вода или со ладна бистра супа, а остатокот од зеленчукот ситно се сецка и се додава во смесата.

Вишисоаз (Vichissoise)

Ова класично јадење е измислено од францускиот готвач Луис Дит на почетокот на 20 век, во хотелот Риц Карлтон во Њујорк. Готвачот ја именувал супата по родното место Виши.

Во супата се користат еднакви количини праз и компири, се додаваат кромид, бистра супа и павлака.
Овој традиционален рецепт е подобрен преку голем број варијации, но основата се секогаш праз и компир.

Фото: Pixabey