Лековит напиток за секој ден

Ги чисти затнатите артерии и го контролира крвниот притисок. За оние што ги имаат овие проблеми, само една чаша дневно од овој пијалок е вистински спас.

0
702

Одржувањето на навики за здрав начин на живот, правилната исхрана и редовната физичка активност се клучни за целото наше тело. Многу луѓе страдаат од висок крвен притисок што се појавува кога артериите ќе се затнат или ќе се блокираат.

Откако ќе се блокираат артериите, многу е тешко да се исчистат, а за жал, високиот крвен притисок е проблем што ги мачи многу луѓе. Сепак, постојат природни решенија за овие проблеми, како што е овој.

Сок од лимон, јаболков оцет, мед и лук

Овие четири состојки се сè што ви треба за оваа волшебна напивка.

Ќе можете едноставно да ги исчистите и да ги одблокирате артериите и со тоа да го контролирате крвниот притисок!

Имено, лукот се покажа како природен начин за чистење на затнувањата во артериите, како и за намалување на крвниот притисок и нивото на лошиот холестерол. Може да го намали и шеќерот во крвта, што помага за губење на тежината, затоа што кога нивото на шеќер е во нормални граници, полесно е да го контролирате вашиот апетит, што пак помага да изгубите од тежината.

Ѓумбирот е поврзан со спречување на срцевите заболувања заради неговата способност да го зголеми протокот на крвта. Исто така, има способност за производство на енергија за да ви помогне да бидете физички поактивни и со тоа да го изгубите вишокот килограми.

Лимонот се докажа себеси во истражувачките студии како средство за регулирање на работата на срцето, со што ја обновува неговата правилна функција и помага крвта полесно да циркулира низ телото.

Јаболковиот оцет има антиоксиданси кои играат клучна улога во отстранувањето на токсините од телото и крвта. Исто така, има здрави витамини, минерали и ензими кои го одржуваат телото здраво.

Медот се бори против бактериите, му дава енергија на телото и докажано го намалува холестеролот и срцевите заболувања.

Како се прави?

Состојки:

1 шолја сок од ѓумбир

1 шолја сечкан лук

1 шолја сок од лимон

1 шолја јаболков оцет

2 шолји органски мед

Приготвување:

Исцедете го сокот од состојките. Ставете ги сокот од ѓумбир и лук, сокот од лимон и оцетот во тенџере и гответе на средна топлина 30 минути со мешање. Тргнете од ринглата и оставете да се излади целосно. Додадете 2 чаши мед и добро измешајте. Истурете го напитокот во чисто шише и чувајте го во фрижидер.

Како се користи?

Земајте 1 лажичка од смесата секое утро, попладне и навечер на празен стомак. Смесата може да се чува во фрижидер до 2 месеци.

Фото: Pixabey