Лек за црниот дроб – хумус од цвекло

Цвеклото е познато по своите лековити својства и можете да го консумирате на различни начини, но овој рецепт за хумус од цвекло навистина ќе го препороди вашиот црн дроб.

0
266

Ако сте љубител на цвекло овој намаз од цвекло ќе биде само уште еден начин на кој ќе можете да добиете и вкусен оброк и здрав оброк, но и лек за вашиот црн дроб.

Цвеклото е преполно со нутритивни својства, влакна, антиоксиданти и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по тоа што го подобрува процесот на детоксикација.

Состојки:

2 цвекла со средна големина или 3 помали
1 конзерва наут
Сок од ½ лимон
5 чешниња лук
½ лажичка сол
¼ шолја маслиново масло
¼ шолја вода

Приготвување:

Цвеклата можете да ги испечете во рерна или да ги сварите. Вкусот е подобар кога се испечени, но одлучете се за варијантата која вам повеќе ви одговара. Во секој случај треба да омекнат.

Потоа ставете ги цвеклата исечени на поголеми делови во блендер заедно со останатите состојки, измешајте и толку.