Лепчиња од леблебии

Пробајте нешто необично и здраво, колачињата од леблебија може да се направат во солена или во слатка варијанта

0
145

Овој рецепт за колачиња од леблебии е дизајниран такашто можете да го комбинирате со вашите омилени вкусови, солени или слатки. Меѓутоа, ако треба да внимавате на калориите, не ги правете колачињата со слатки намирници.

Ќе ви требаат:

200 г јаткасти плодови (кикирики, лешници, бадеми или ореви, по ваш избор)

200 г наут

200 г сончоглед

100 г семки од тиква

50 г сусам

1 полна лажичка сода бикарбона

1 лажичка мелен пипер

малку сол

5 лажици овесни трици (оваа ставка можете и да ја исфрлите)

за слатката варијанта додадете, на пример, суво овошје, 5 лажици јаболков оцет.
Од зачините можете да земете што ви се допаѓа најмногу, ѓумбир, оригано, босилек, рузмарин

Намирниците, освен јаболковиот оцет изблендирајте ги или исечкајте ги (не мора да биде премногу ситно), а потоа измешајте со миксер. Додадете 3,5 дл вода загреана до вриење и 5 лажици јаболков оцет. Полека додавајте ги водата и оцетот и мешајте со миксер додека не добиете хомогена маса. Ако е премногу суво, додадете малку повеќе вода, а ако стане воденикаво, додадете уште малку леблебии или брашно.

Со рацете обликувајте ја смесата во посакуваната форма, важно е дебелината да биде околу 1,5 см. Ако ги направите потенки, можно е да бидат тврди. Се печат 1 час и 30 минути, а доколку сакате да бидат покрцкави, печете 1 час и 45 минути, во загреана рерна на 150 степени.

Фото: Pexels