Лесно достапна билка која помага при многу заболувања

На пример, дури и нашите баби знаеја дека во случај на стомачни проблеми најдобро е да се напиете шолја чај од нане и имаа право.

0
365

Нането (мента) е лесно достапно и евтино растение кое секој би го консумирал почесто кога би бил свесен за неговите лековити својства.

Еве неколку причини зошто покрај чај од нане, треба да набавите и масло од оваа билка.

Ги ублажува стомачните проблеми

Дури и нашите баби знаеја дека во случај на стомачни проблеми најдобро е да се напиете шолја чај од нане и имаа право. Италијанска студија спроведена во 2007 година покажа дека нането е особено ефикасно кај синдромот на иритабилно дебело црево. Се покажа дека симптомите на оваа болест значително се олесниле кај дури 75 проценти од испитаниците кои еден месец земале капсули со масло од мента. Во контролната група, само 38 проценти од нив почувствувале благо подобрување.

Го намалува чувството на глад

Во студија спроведена во 2011 година, учесниците секои два часа морале да помирисаат масло од нане. Подоцна изјавиле дека не чувствуваат толку силен глад како обично, и се покажало дека за една недела внеле 2.800 калории помалку од луѓето кои не го имале овој ритуал.

Ги ублажува тензиските главоболки

Тензиските главоболки најчесто се предизвикани од стрес, нервоза и консумирање алкохол. Студија од 1996 година покажала дека триењето масло од мента во челото и слепоочниците ги намалува главоболките во рок од 15 минути исто толку ефикасно како парацетамолот.

Ја зголемува концентрацијата

Мирисот на нане влијае и на нашите ментални способности. Студија спроведена на Универзитетот Wheeling Jesuit открила дека мирисот на нане влијае на будноста, мотивацијата, па дури и на перформансите.

Создава чувство на одзатнат нос

Една од двете најважни активни состојки во нането е ментолот, кој се наоѓа во голем број препарати против кашлање и настинка. Нема докази дека мирисот на нане го отпушта носот, но се чини дека успева да го измами мозокот. Луѓето кои вдишувале нане пријавиле чувство на олеснување, иако физички речиси ништо не се сменило.

Фото: Unsplash