Лесно и брзо до здрав појадок

Ако мислите дека е премногу комплицирано да се појадува здраво, пробајте со овие два предлози: Интегрални мафини и јогурт со овес и семки. Брзо, едноставно и вкусно и здраво.

0
242

Состојки:

Интегрални мафини

80 г интегрално брашно

40 г кокос

70 г бадемово брашно (ако немате, можете да ставите гриз или овесно брашно кое лесно ќе го направите и сами ако си ги сомелете овесните снегулки кои обично ги појадувате со јогурт)

2 поголеми зрели банани

2 јајца

60 г кафеав шеќер

125 мл кокосово масло (или растопен путер)

1 и ½ лажичка прашак за пециво

½ лажичка сол

½ лажичка цимет

Кора од лимон

Сок од ½ лимон

Приготвување:

Помешајте ги сите суви состојки. Згмечете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон.

Изматете ги јајцата и шеќерот па додадете го растопеното кокосово масло и сите суви состојки. На крајот додадете ги бананите и ставете ја смесата во модли или во хартиени чашки.

Печете 20 минути на 180C.

Јогурт со семки:

3 лажици овес

1 лажичка чиа семки

1 банана

3 дл јогурт

1 лажичка мед

½ лажичка цимет

Кора од лимон и сок од лимон по желба

Приготвување:

Помешајте ги во тегла сите состојки и оставете да стојат барем 20 минути или преку ноќ. Пред послужување помешајте банана или некое зрнесто овошје.

Фото: Pexels