Лесно и брзо: леб со урда

Овој леб е толку едноставен што може да го правите дури и ако тоа ви биде првиот леб што во животот. Патем, урдата е дел од состојките за тестото

0
138

Најинтересниот дел во овој рецепт е содржината на урда, рикота или младо сирење, по ваш избор, е дел од состојките за тестото. Ние го направивме со урда.

Состојки:

350 г урда (младо сирење, рикота)

350 г брашно

1 јајце

1 прашок за пециво

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

Приготвување:

Се замесува тесто од состојките кои претходно сте ги оставиле барем 2-3 часа на собна температура.

Веднаш се обликува векна леб со додавање на уште малку брашно на работната маса. Се става во подмачкан калап за печење, се засекува на неколку места и се пече околу 40-45 минути на 180 степени.

Кога ќе се испече се завиткува во крпа.