Лубеницата го јакне имунитетот, го штити срцето, го  подобрува сексуалниот живот

Лубеницата е совршено решение за гаснење  на желбата за слатки кога ќе почувствувате потреба да јадете нешто забрането.

0
389

Лубениците допрва доаѓаат и се радуваме на тоа. Освен што се многу освежителни, постојат и други причини поради кои би требало да ги вклучте лубениците во својата исхрана.

  1. Го зајакнуваат имунитетот

Конзумирањето лубеници може да го зајакне вашиот имунолошки систем, бидејќи тие имаат висока содржина на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и помага во спречување на разни болести. Исто така, редовното консумирање храна што содржи витамин Ц може да ги заштити и самите телесни клетки од голем број на штетни фактори.

  1. Го штитат срцето и циркулаторниот систем

Лубеницата е богата со ликопен – антиоксиданс кој спречува заболувања на срцето и циркулаторниот систем. Ова овошје содржи и диетални влакна кои го намалуваат нивото на лош холестерол, како и калиум што го намалува крвниот притисок.

  1. Го подобруваат и сексуалниот живот

Многу експерти препорачуваат лубеници во исхраната, бидејќи е откриено дека содржи цитрулин која има ефекти слични на вијагра. Кога влегуваат во телото, тие се претвораат во аргинин – аминокиселина која е корисна за циркулаторниот систем, бидејќи им дава еластичност на ѕидовите на артериите.

Лубеницата се препорачува и во диетите за слабеење, бидејќи има малку калории и дава чувство на ситост. Го стимулира излачувањето на токсините од организмот, ја подобрува работата на бубрезите …

Фото: Pexels