Мармалад од јаболка и домати

Еве една идеја која ќе можеме да ја реализираме во претстојните месеци, кога ќе почне сезоната на домати. Ако ‘паднавме’ на мармаладот од лути пиперки, зошто да не пробаме и една ваква комбинација?!

0
121

Состојки:

3 кг кисели јаболка

2 кг зрели домати

2 кг шеќер

3-4 кесички ванилин шеќер

1 дцл рум

Сок од лимон

Приготвување:

Излупете ги и исечете ги јаболката на четвртини и извадете ги семките.

Измијте ги доматите и исечете ги и нив на четвртини.

Варете ги заедно 15-20 минути.

Испасирајте ги.

Варете го сокот со повремено мешање.

Додадете шеќер, ванилин шеќер, рум и по желба, односно, доколку јаболките се поблаги, додадете сок од лимон. Варете до саканата густина.

Ставете ја смесата во тегли со капак и секоја свртете ја наопаку на 5 минути.

Фото: Pixabey