Мафини од кокосово брашно

Ако не сте расположени за колачи што треба да се прават долго време, а сакате вкусен десерт - направете ги овие мафини од кокосово брашно.

0
301

Ако сте љубители на кокос, нема да ви треба долго за да го испробате овој десерт.

Состојки:

3 јајца

100 мл растопен путер (или 1 дл масло)

100 г шеќер

150 г кокосово брашно

1 лажичка прашок за пециво

прстофат сол

По желба додадете замрзнати бобинки, сечкано чоколадо или јаткасти плодови

Приготвување:

Кокосот измешајте го со прашокот за пециво. Стопете го путерот на тивок оган и оставете го малку да се олади.

Изматете ги јајцата и ставете ги во сад за мешање. Додадете шеќер и сол во јајцата и мешајте сè заедно околу пет минути. Кога смесата ќе се удвои и ќе стане бледо жолта, полека додавајте го стопениот путер и полека измешајте. Путерот не треба да е жежок, мора да биде млак.

Потоа додадете го кокосовото брашно во смесата и соединете сè. Во оваа фаза, можете да додадете во смесата по желба – замрзнато овошје, чоколадо или јаткасто овошје.

Распоредете ја смесата во калапот за мафини и ставете го во загреана рерна на 180 степени целзиусови и печете ги помеѓу 15 и 20 минути додека не добијат убава жолта боја.

Фото: Unsplash